thumb|Жена и птица, Жоан Миро, 1982 Надреализмот претставува културно движење кое започнува во раните 1920-ти и е најдобро познатo по визуелните уметнички дела и списи од членовите на групата. Делата на надреализмот го вклучуваат елементот на изненадување, неочекувани јукстапозиции и апсурдност; како и да е, голем број на уметници и писатели надреалисти, ја гледаат својата работа како израз на филозофско движење најпрво и најмногу, со делата како артефакти. Предводникот Андре Бретон е експлицитен во своето тврдење дека надреализмот е пред сè револуционерно движење. Надреализмот се развива преку дадаистичките движења за време на Првата светска војна и најважен центар на движењето е Париз. Од 1920 година па понатаму, движењето се проширува низ целиот свет, на крајот влијаејќи на визуелната уметност, литературата, филмот и музиката на многу држави и јазици, како и на политичката мисла, вештините, филозофијата и општествената теорија.
Создавање на движењето Називот „надреалист“ е скован од Гијом Аполинер и најпрво се појавува во воведот на неговата театарска претстава „Градите на Тиресијас“ на премиерата во 1917 година. Првата светска војна ги распрснува писателите и уметниците со седиште во Париз и во меѓувреме многумина се приклучуваат кон дадаизмот, верувајќи дека претерано рационалната мисла и буржоаските вредности му го донесоа воениот конфликт на светот. Дадаистите протестираат преку антиуметнички собири, перформанси, списи и уметнички дела. По војната, со враќањето во Париз, дадаистичките движења продолжуваат. thumb|Насловна страница на списанието Надреалистичка револуција, април 1926 година За време на војната, Андре Бретон кој изучува медицина и психијатрија, работи во невролошка болница, каде ги користи психоаналитичките методи на Зигмунд Фројд врз војниците со нервно растројство. Сретнувајќи се со младиот писател Жак Ваше, Бретон мисли дека Ваше е духовниот син на писателот и основач на патафизиката, Алфред Жари. Тој му се восхитува на антиопштествениот став на младиот писател и неговиот презир кон традиционалните уметнички форми. Подоцна Бретон напиша „Во литературата бев последователно донесен со Рембо, Жари, Аполинер, Нуво, Лотреамон, но Жак Ваше е оној на кого му должам најмногу“. Назад во Париз, Бретон се приклучил кон дадаистичките активности и го отпочна литературното списание Литература (Littérature) заедно со Луј Арагон и Филип Супо. Заедно започнуваат да експериментираат со автоматско пишување - спонтано пишување без притоа да ги цензурираат нивните мисли - и објавуваат трудови, како и профили на соништа во списанието. Бретон и Супо почнуваат подлабоко да го истражуваат автоматизмот и ја пишуваат Магнетни полиња (Les Champs magnétiques)(1920).
Продолжувајќи со пишувањето, тие привлекуваат повеќе уметници и писатели; почнуваат да веруваат дека автоматизмот е подобра тактика за општествени промени отколку дадаистичкиот напад врз тогашните широкоприфатени вредности. Групата се проширува, вклучувајќи ги Пол Елијар, Бенжамен Пере, Рене Кревел, Робер Деснос, Жак Барон, Макс Мориз, Пјер Навил, Роже Витрак, Гала Елијар, Макс Ернст, Салвадор Дали, Ман Реј, Ханс Арп, Жорж Малкин, Антонен Арто, Рејмон Кено, Андре Масон, Жоан Миро, Марсел Дишан, Жак Превер и Ив Танги. Како што се развива нивната филозофија, тие веруваат дека надреализмот би ја бранел идејата дека вообичаените и сликовити експресии се витални и важни, но смислата за нивното уредување мора да биде отворена со целосен опсег на имагинација, според Хегеловата дијалектика. Тие огледуваат на Ммрксистичката дијалектика и теоретичари како Валтер Бенјамин и Херберт Маркузе.
Фројдовата дејност за слободно здружување, анализи на соништа и несвесното е од најголема важност за надреалистите во развивањето на методи за ослободување на имагинацијата. Тие ја опфаќаат идиосинкразијата, (карактеристичност, особеност) одбивајќи ја идејата за општо лудило. Подоцна, Салвадор Дали ја објаснува како: „Постои само една разлика помеѓу мене и луд човек. Јас не сум луд“. Покрај употребата на анализи на соништа, тие нагласуваат дека „во истата рамка можат да се комбинираат елементи кои обично не одат заедно еден со друг, со цел да се создадат нелогични и изненадувачки ефекти“. Бретон ја вклучува идејата за изненадувачките јукстапозиции во неговиот манифест од 1924 година, земајќи ја од есеј од 1918 година од поетот Пјер Реверди, кој вели: „јукстапозиција од две помалку или повеќе далечни реалности. Колку повеќе врската помеѓу двете јукстапозирани реалности е далечна и вистинита, толку посилна ќе биде сликата - ќе има поголема емоционална моќ и поетска реалност“.
Групата цели кон тоа да ги револуционизира човечките искуства од личен, културен, општествен и политички аспект. Тие сакаа да ги ослободат луѓето од лажната рационалност и ограничувачките обичаи и структури. Бретон прогласува дека вистинската цел на надреализмот е: „да живее општествената револуција и само таа“. За оваа цел, надреалистите во различни периоди се приклучуваат кон комунизмот и анархизмот. Во 1924 година ја објавуваат својата филозофија во првиот „Манифест на надреализмот“. Истата година го основаат Бирото за надреалистички истражувања и почнуваат да го издаваат списанието Надреалистичка револуција.
Без сомнение, како водач и теоретичар на надрелизмот се истакнува Андре Бретон, чии ставови се најзаслужни за почетниот замав на ова движење. Дури по подоцна, во текот на многу години, надреализмот врз себе го носел печатот што го втиснал неговиот водач. Иако движењето исфрлило и други извонредно креативни духови, сепак сите тие само ги дополнувале основните постулати кои потекнувале од теоретските поставки на Бретон.Влада Урошевиќ, „Андре Бретон - поет на потрага по чудесното“, во: Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 5.
Манифест на надреализмот Бретоновиот манифест од 1924 година ги дефинира целите на групата. Тој вклучува цитати од влијанијата на надреализмот, примери од работата на надреалистите и дискусија за надреалниот автоматизам.
Го дефинира надреализмот како: Речник: Надреализам, чист психички автоматизам со кој се сака да се изрази усно или писмено, или на кој било друг начин, вистинското делување на мислите. Диктатот на мислата во отсуство на целосна контрола која би ја вршел разумот, надвор од секоја естетска или морална преокупација. Енциклопедија: Надреализам. Филозофија. Надреализмот се заснова на верувањето во виша реалност на некои облици на асоцијации кои досега се игнорирале, во семоќниот сон, во непристрасна (незаинтересирана) игра на мислите. Се стреми кон тоа дефинитивно да ги уништи сите останати психички механизми и да ги замени во решавањето на главните животни проблеми.
Надреалистичката револуција Кратко по објавувањето на првиот Манифест на надреализмот, надреалистите го издаваат уводното издание на Надреалистичка револуција (La Révolution surréaliste). Публикувањето продолжува во 1929 година со примерокот на списанието од страна на првите директори, Навил и Пере за конзервативната научна критика Природа. На задоволство на надреалистите, списанието е константно скандалозно и револуционерно. Додека акцентот се става на пишувањето, списанието исто така вклучува репродукции на уметност, а меѓу нив дела на Џорџо де Кирико, Ернст, Масон и Ман Реј.
Биро за надреалистички истражувања Бирото за надреалистички истражувања (Centrale Surréaliste) беше центар за писатели надреалисти и нови уметници, разговори и интервјуа. Тие го истражуваа говорот под состојба на транс.
Развој Движењето во средината на 20-тите се карактеризираше со состаноци во кафулиња каде надреалистите играа заеднички игри со цртање, разговараа за теориите на надреализмот и развија разновидни техники, како што е автоматското цртање. Бретон се сомневаше дека визуелната уметност може да биде корисна во движењето на надреалистите затоа што е непроменлива и не е прилагодлива за автоматизам. Претпазливоста беше надмината со откривањето на техники како триење и трансфер. thumb|Гала на прозорецот од Салвадор Дали Набргу се вклучија повеќе визуелни уметници, како Џорџо де Кирико, Макс Ернст, Жоан Миро, Франсис Пикабија, Ив Танги, Салвадор Дали, Луис Буњуел, Алберто Џакомети, Валентин Иго, Мере Опенхајм, Тојен и подоцна по Втората светска војна: Енрико Донати. Иако Бретон им се восхитуваше на Пабло Пикасо и Марсел Дишан и сакаше да се придружат кон движењето, тие останаа споредни. Се придружија и поранешни писатели дадаисти како Тристан Цара, Рене Шар и Жорж Садул. Во 1925, во Брисел се формираше автономна група на надреалисти. Групата ги вклучуваше музичарот, поет и уметник Е.Л.Т. Месен, сликарот и писател Рене Магрит, Пол Нуже, Марсел Леконт и Андре Сури. Во 1927 година им се придружи и писателот Луј Скитенер. Тие редовно кореспондираа со групата во Париз и во 1927 година, обајцата Гоеманс и Магрит се преселија во Париз и му се придружија кон Бретоновиот круг. Уметниците со корени од дадаизмот и кубизмот, апстракцијата на Василиј Кандински, експресионизмот и постимпресионизмот исто така допреа до постарото „крвно сродство“ како Јероним Бос и таканаречената примитивна и наивна уметност.
Автоматските цртежи на Андре Бретон од 1923 година, често се користат како степен на прифаќање на ликовната уметност и пад на дадаизмот, затоа што го рефлектираат влијанието на идејата за несвесниот ум. Друг пример е Џакометовата Торсо од 1925 година, која го одбележа неговото движење до поедноставени форми и инспирација од предкласичната скулптура. Како и да е, ударен пример за линијата употребена за да ги подели дадаизмот и надреализмот меѓу уметничките експерти е впарувањето на Мала машина конструирана од минимакс дадамакс лично(Little Machine Constructed by Minimax Dadamax in Person)од 1925 година со Бакнежот(Le Baiser) од 1927 година од Макс Ернст. Првата, во главни црти има далечен и еротски поттекст, додека втората претставува еротски акт отворено и директно. Во втората е видливо влијанието на Миро и стилот на Пабло Пикасо со употребата на течни брановидни и пресекувачки линии и бои, а пак првата зема насока која подоцна ќе има влијание во поп-арт движењето. Џорџо де Кирико со неговиот претходен развој на метафизичката уметност, е еден од важните придружувачки фигури меѓу филозофските и визуелни аспекти на надреализмот. Помеѓу 1911 и 1917 година тој усвои неорнаментиран стил на сликање, чија површина подоцна ќе биде усвоена од други. Црвената кула(La tour rouge) од 1913 година ги покажува тешките контрасти на бои и илустративниот стил, подоцна преземен од страна на надреалистите. Во неговата Носталгијата на поетот(La Nostalgie du poète) од 1913 година. Фигурата е свртена настрана од гледачот и јукстапозицијата на биста со очила и риба како олеснување му пркоси на конвенционалното објаснување. Тој исто така беше писател чија новела „Хебдомерос“ претставува серија на соништа со невообичаена употреба на правопис, синтакса и граматика, замислена со цел да создаде атмосфера и рамка околу своите слики. Неговите слики, вклучувајќи сет од дизајни за Руски балет создадоа декоративна форма на надреализам и имаа влијание врз двајца уметници кои беа дури поблизу поврзани со надреализмот во јавниот ум: Дали и Магрит. Како и да е, тој ја напушти групата на надреалисти во 1928 година. Во 1924 година, Миро и Масон го вметнаа надреализмот во сликањето, експлицитно водејќи до изложбата Надреалистични цртежи(La Peinture surréaliste) од 1925 година, одржана во галеријата Пјер во Париз, и изложија дела од Масон, Мен Реј, Пол Кле, Миро и други. Настанот потврди дека надреализмот има компоненти во визуелната уметност (иако се дебатираше дали е тоа возможно) и беа користени техники од дадаизмот, како фотомонтажа. Во следната година, на 26 март 1926 година, се отвори Надреалната галерија со изложба од Мен Реј. Бретон ја објави Надреализам и цртање во 1928 година која го сумираше движењето, иако продолжи со својата работа сè до 60-тите.
Поголеми изложби во 20-тите