Борновиот идентитет е шпионски филм од 2002 заснован на истоимената новела на Роберт Лудлум. Во главна улога се појавува Мет Дејмон како Џејсон Борн, човек со амнезија кој се обидува да го дознае својот вистински идентитет истовремено кога Централната разузнавачка агенција (Central Intelligence Agency - CIA) се обидува да го фати и убие поради неговиот претходен неуспех да изврши атентат и исчезнување. Во меѓувреме се здружува со Мари (Франка Потенте), која му асистира во неговиот почетен дел од планот да дознае за неговото минато и да си ја поврати меморијата. Во филмот глумат и Крис Купер како Александар Конклин, Клајв Овен како Професорот, Брајан Кокс и Џулија Стајлс.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2002 година