Андреј Тасев Љапчев (; роден 1866 во Ресен, Отоманско Царство; починал 1933 во Софија, Бугарија) ― истакнат политичар и државник во Бугарија со потекло од Македонија.Виктор Цветаноски, "Македонците крем на бугарското општество" (5), "Ресенецот Љапчев бил бугарски Бизмарк", "Утрински весник", број 2861, сабота, 13 декември 2008.
Биографија
Ран живот и образование Роден е во 1866 година во Ресен. Татко му Тасе бил грнчар и виден граѓанин. Имал повеќе браќа, меѓу кои Евтим (општественик) и Никола (член на ВМОРО, загинат во Илинденското востание).
Образованието го започнал во Ресен, но по Априлското востание (1876) и Руско-турската војна бугарските училишта биле затворени. Помагал во дуќанот на брат му во Битола, потоа учел во Битолската гимназија и во Солунската бугарска машка гимназија, каде негов учител бил Трајко Китанчев, исто така од Ресен, кој имал силно влијание врз него. Подоцна продолжил во Пловдивската гимназија. Како студент активно учествувал во движењето за обединување на Бугарија и Источна Румелија (1885) и во Српско-бугарската војна. Студирал економија и историја во Цирих, Берлин и Париз.
Политичка кариера По враќањето во Бугарија се занимавал со новинарство и бил активен во македонското ослободително движење – член на Врховниот македонски комитет и соработник на весници како „Млада Бугарија“ и „Реформи“. Припаѓал на Демократската партија (до 1923), а потоа на Демократскиот сговор. лево|мини|Членови на бугарската делегација за преговори за Солунското примирје (1918). Од лево кон десно: Андреј Љапчев (министер за финансии), генерал-мајор Иван Луков (член на Генералштабот на бугарската војска) и Симеон Радев (дипломат). Влегол во бугарскиот парламент во 1908 година. Бил министер за трговија и земјоделство, а потоа министер за финансии во влади на Александар Малинов. Учествувал во преговорите и го потпишал договорот за независност на Бугарија од Отоманското Царство (1908). По Првата светска војна бил министер за финансии и го предводел бугарското делегатство што го потпишало Солунското примирје (септември 1918). Станал првиот цивил министер за војна (1918–1919).
За време на владата на Александар Стамболијски бил осуден и затворен (1922), а ослободен по државниот удар од 9 јуни 1923.лево|мини|Од лево на десно, прв Ѓорче Петров, четврт Тодор Александров, шести Андреј Љапчев, седми Симеон Радев, осми Војвода Стаматов
Премиер (1926–1931) На 4 јануари 1926 година станал премиер на чело на коалиција на Демократскиот сговор и Национал-либералната партија (три последователни влади до 29 јуни 1931). Водел поумерена политика од претходникот Александар Цанков: објавил амнестија за комунистички затвореници (иако Комунистичката партија), се залагал за стабилизација на парламентаризмот и почитување на Уставот. Обезбедил заеми од Лигата на народите (бегалски заем 1926 и стабилизациски заем 1928) за економијата, инфраструктурата и интегрирање на околу 220.000 бегалци.
Критикуван е заради толеранцијата кон активностите на ВМРО, што ги заострувало односите со Југославија и Грција. Владата се соочила со последиците од Големата депресија и земјотрес во Пловдив. По изборниот пораз во 1931 година поднел оставка.
Познат е по политичката максима: „Со кротце, со благо и со малце кьотек“ (Полека, нежно и со малку ќотек).
Извори
Категорија:Премиери на Бугарија Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Бугарски политичари од Македонија Категорија:Македонци од Првата светска војна Категорија:Лозарското движење Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Министри за финансии на Бугарија Категорија:Политичари од Ресен Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Родени во 1866 година Категорија:Починати во 1933 година