Откако Монголија го смени општественото уредување во 1990, државата има основни и солидни познавања за концептот на „човекови права“. Како и да е, сѐ уште помеѓу полицијата и секторот за безбедност постојат проблеми. Челниците и задолжените сектори за човекови права при ООН, во своите извештаи честопати ги критикуваат затворите во Монголија. Исто така, на мета на организациите се и смртните случаи во Монголија, начинот на казнување и суровоста што е поврзана со овој начин на казнување и осудување..

Значителни забележани случаи:

Сѐуште не расчистеното убиство на С. Зориг, еден од челниците на Демократската Партија во Монголија, во 1998. Абдукцијата на Д. Енхбат од Франција. Тој бил осомничен како учесник при убиството на С. Зориг Во јуни 2005, Батзандан Џалбасурен бил осуден на шест години затвор бидејќи организирал демонстрации против владата. Во мај 2006, новинарите на Игл ТВ биле насилнички третирани од монголската полиција кога тие се обиделе да снимаат за утринска програма.

Поврзано Слобода на религија во Монголија

Наводи

Надворешни врски Amnesty international: Монголија Amnesty International извештај: Напади на слободата на изразување Цензорирање во Монголија Globe International

Монголија Категорија:Монголско општество Категорија:Политика на Монголија