Тодор Христов Симовски (, Извор, Гуменџиско, Егејска Македонија - , ) — македонски партизан, издавач, историчар и национален деец.
Животопис Тодор Симовски е роден во кукушкото село Извор, егејскиот дел на Македонија. Учествувал во партизанското антифашистичко движење и националноослободителната борба на македонскиот народ во Егејска Македонија, во која е организиран од 1941 година. Во мај 1942 година, тој станал секретар на ОКНЕ за Гуменџиската околија, а од 1943 организационен секретар на окружниот одбор на ЕПОН за Воденскиот, Катеринскиот, Берскиот и Кукушкиот Округ. Во февруари 1946 година, тој станал функционер на НОФ за Гуменџиската и Ениџевардарската околија. По војната, тој пребегнал во НР Македонија и дипломирал во Отсекот за историја при Филозофскиот факултет, Универзитет „Кирил и Методиј“, Скопје.
Тодор Симовски се занимавал со новинарство, картографија, научна публицистика и теми од областа на историјата на македонскиот народ, претежно на егејскиот дел на Македонија.Основање на Историјата, стр. 132.
Творештво Тодор Симовски е автор на книгитеИнститут за национална историјаTodor Simovski on OpenLibrary:
„Миграционите движења и етничкиот состав на населението во Воденска околија 1912-1940”, Гласник на ИНИ, год.XIII, бр.1-2, Скопје 1969 „Балканските војни и нивните реперкусии врз етничката положба на Егејска Македонија”, ИНИ, год.XIII, бр.3, Скопје 1972 „Населените места во Егејска Македонија”, ИНИ, Скопје 1978 „Атлас на населените места во Егејска Македонија”,Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и Македонска книга, Скопје 1997. ISBN 9989-9819-2-2Тодор Христов Симовски, Атлас на населените места во Егејска Македонија „Населените места во Егејска Македонија Д. 1”,Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија : Печатница „Гоце Делчев”, Скопје 1998. ISBN 9989-9819-4-9 и ISBN 9989-9819-5-7 (д. 1) „Населените места во Егејска Македонија Д. 1”,Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија : Печатница „Гоце Делчев”, Скопје 1998. ISBN 9989-9819-4-9 и ISBN 9989-9819-6-5 (д. 2)
Наводи
Категорија:Луѓе од Извор (Гуменџиско) Категорија:Македонски историчари Категорија:Југословенски историчари Категорија:Роднокрајни историчари Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје