мини|Златната жаба, последен пат е снименa на 15 мај 1989 година Заштитен статус или статус на загрозеност на одреден вид — поим што се користи како индикатор за можноста тој вид да изумре во блиска или подалечна иднина.
Глобални системи Црвениот список на МСЗП е најпознат список на загрозени видови. Според МСЗП (или IUCN) таксоните спаѓаат во некоја од следниве категории: EX — Изумрени видови по 1500 година (кратенката потекнува од англискиот збор extinct); EW — Видови изумрени во дивината (англ. Extinct in the wild) CR — Критично загрозени видови (англ. Critically Endangered); EN — Загрозени видови (англ. Endangered) и VU — Ранливи видови (англ. Vulnerable) LR — Нискоризични видови (англ. Low risk), категорија која се дели на: LR/cd — Видови зависни од заштита (англ. Conservation dependent); LR/nt — Речиси загрозени видови (англ. Nearly threatened); LR/lc — Видови со најмала загриженост од изумирање (англ. Least concern)
Постојат и две додатни МСЗП категории: DD — Видови со недоволно податоци за загрозеноста (англ. Data deficient) NE — Непроценети видови, или не се проверениспоред IUCN критериуми (англ. Not evaluated)
Според организацијата NatureServe постојат следниве категории: Претпоставено изумрени (Presumed Extinct, GX) Можеби изумрени (Possibly Extinct, GH) Критично загрозени (Critically Imperiled, G1) Загрозени (Imperiled, G2) Ранливи (Vulnerable, G3) Се чини безбедни (Apparently Secure, G4) и Безбедни (Secure, G5)
Овој систем содржи и двосмислени и непотполно одредени категории од типот на Неточно одреден број на едники (Inexact numeric ranks) и меѓукатегории од типот на G2G3 кога не може точно да се одреди соодветната категорија. Во овој систем исто така постои исказот: само во заробеништво или под надзор на човекот, кој има слично значење како и IUCN категоријата: изумрени во дивината (Extinct in the Wild, EW).
Во Руската Федерација во оваа смисла постои таканаречена Црвена книга на Руската Федерација.
Наводи
Категорија:Биологија Категорија:Заштита на природата