Делта Јарец(δ Јарец) или уште именуван како Денеб Алгеди (или како Денеб Алгеди), е двоен ѕвезден систем оддалечен приближно 39 светлосни години, кој се наоѓа во соѕвездието на Јарецот(морска коза). Главната ѕвезда во системот е бел џин, чија светлина здружена со останатите тела ја прави најсветлата ѕвезда во соѕвездието. Бидејќи скоро има форма на елипса, Делта Јарец може да биде помрачена од страна на Месечината и ретко од страна на планети.

Ѕвезден систем

Делта Јарец е елипсен, двоен ѕвезден систем сличен на Алгол, со орбитален период од 1,022768 дена и наклон близок со видикот од Земјата. Највисоката очигледна, визуелна величина на парот е 2.81. При затемнување на главната ѕвезда, оваа величина се намалува за 0,24. Го примарната ѕвезда ја затемнува секундарната, величината се намалува за 0,09.

Главната ѕвезда, Делта Јарец А, има ѕвездена класификација како A7м III,, при што укажува дека е џин на којшто му се исцрпени изворите на водород во неговото јадро. Поточно, ова е карактеристична Ам ѕвезда со спетктрален тип kA5hF0мF2 III ставена под ревидираниот МК систем. Оваа нотација укажува дека К-линијатa се совпаѓа со температурата на некоја А5 ѕвезда, водородниот спектрален тип се совпаѓа со на Ф0 ѕвезда и металните апсорпциони линии се совпаѓаат со оние на Ф2 ѕвезда.

Во минатото, оваа ѕвезда се сметала дека била променлива на Делта Скути, што е редок случај за Ам ѕвезда. Оваа категоризација била ставена под знак прашање кога во 1994 година, при набљудувања се видело дека не е инхерентно променлива. Споредена со Сонцето, главната ѕвезда има дупло поголема маса и скоро двапати поголем полупречник. Ротира брзо со проектирана вртежна брзина од 105 км с−1(Оваа вртежна стапка е синхронизирана со орбиталниот период). Треба да се земе предвид дека ова е невообичаено за Ам ѕвезда да има толку висока вртежна брзина. Надворешната обвивка зрачи енергија на делотворна температура од 7,301 келвини, давајќи и бел сјај на ѕвезда од А-тип. Секундарната ѕвезда е тип Г или К со маса приближна на масата на Сонцето(90%).

Постојат 2 оптички придружника. Ѕвезда со величина од 16 е 1 лачна минута оддалечена, додека пак ѕвезда Д со величина од 13 е 2 лачни минути оддалечена од системот.

Обсервациона историја

Во 1906 година, астрономот Весто Слифр открил дека Делта Јарец бил спектроскопски двоен ѕвезден систем. Орбитата била детерминирана во 1921 година од страна на Клифорд Крамп користејќи 69 радијални мерки за брзина добиено од Опсерваторијата Јеркес. Сепак, природата на елипсниот двоен систем не била откриена сè до 1956 година од страна на Олин Џ. Еген.

Имиња и културни асоцијации Традиционалното име 'Денеб Алгеди' потекнува од арапскиот збор ذنب الجدي (ðanab al-jady) што значи „опашот на козата“, покажувајќи на рибниот опаш на небесната морска коза, Јарец. Според астрологијата, претставувањето на флексибилниот опаш на Денеб Алгеди се одразува во асоцијацијата дека носи и добра и лоша среќа. Таа е една од Бехенските ѕвезди од средновековната астрологија, асоцирана со халкидонскиот, риганскиот и кабалистичкиот симбол 40px.

Во кинеската астрономија, Делта Јарец е позната уште како 壘壁陣四 (Lěi Bì Zhèn sì), што значи „Четвртата ѕвезда од линијата на ѕидини“.香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表 , Hong Kong Space Museum. Accessed on line November 23, 2010. Ова покажува на нејзиното постоење помеѓу астеризмот познат како „Линијата на ѕидините“, при што ги вклучува кЈарец, ɛЈарец, γЈарец, ιВодолија, λВодолија, σВодолија, φВодолија, 27Риба, 29Риба, 33Риба и 30Риба. 中國星座神話, written by 陳久金. Published by 台灣書房出版有限公司, 2005, ISBN 978-986-7332-25-7.

Поврзано

Алгеди Денеб

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јарец (соѕвездие) Категорија:Ѕвезди Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:Жолтобели џинови Категорија:Повеќеѕвездени системи Категорија:HD-објекти Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Глизеови објекти Категорија:Затемнувачки двојни ѕвезди Категорија:Бајерови објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Бели џинови Категорија:Am-ѕвезди Категорија:Алголски променливи ѕвезди