Протестантството во Македонија ― протестантството во Македонија како регион и како република. Тоа почнало да продира во 19 век преку колпортерите на Британското и странско библиско здружение, и мисијата на Американскиот одбор на испратените во мисии во странство преку евангелската (конгрегациска) црква која има свои цркви и групи верници од Струмица до Охрид и до Скопје и Призрен. Најголемата концентрација на цркви до последната деценија од 20 век била во Струмичкиот крај.

Вториот бран на протестантство во Македонија започнал во 1987 година со започнувањето на мисијата на Христијанската пентекостна црква на Југославија во Скопје и Штип.

Појава Значење на поимот протестант Поимот „протестантство“ не е еднозначен. Во најтесна смисла протестантство означува религиозно движење, коешто започнало во рамките на римо­като­личката црква во Европа, во XVI век, во текот на реформацијата, како и црквите што произлегле директно од тоа движење. За почеток на протес­тантската реформација, традиционално се зема 31 октомври 1517 година, кога професорот по теологија Мартин Лутер од Виртенберг, денешна Германија, сакајќи да ги предизвика своите ученици на дебата околу индул­генциите (проштални писма), ги закачува своите 95 тези.

Тука спаѓаат лутеранската, реформираната или презвитери­јанска, и англиканската црква.

Со мало проширување на овој поим, тука би спаѓале и црквите од британското пуританско движење, како и црквите од радикалната фаза на реформацијата од XVI век, анабаптистите (зборот „анабаптист“ означува повторно крстен и менонитите (следбениците на Мено Симонс).

Пошироката смисла на поимот протестантство вклучува многу групи, коишто иако немаат следбение со реформациските цркви од XVI век, сепак се согласуваат со основните доктрини од протестантското движење. Ваквата дефиниција вклучува и цркви коишто неколку векови ѝ претходат на реформа­ци­јата. Овие цркви даваат некои од основните идеи коишто подоцна ќе бидат прифатени од протестан­тите. Тука спаѓаат моравската црква на Јан Хус (1373–1415), валдежаните на Петар Валдо (1217 година), и лолардите на Џон Виклиф (1329–1384), кои се претходници на протестантстовото.

Најшироката дефиниција на протестантството вклучува различни групи, коишто во голема мера се согласуваат со протестантството, но кои себеси може и да не се дефинираат како протестанти. Така, некои баптисти не се сметаат себеси како протестанти кои потекнуваат од XVI век, туку дека се членови на вистинската црква, којашто преку авторитетот на Христос секогаш низ вековите имала верници кои не биле дел од корумпираната црква, поврзана со државата, и кои отсекогаш практикувале крштевање возрасни вер­ници.

Во текот на XIX и XX век се намножуваат „слободни цркви“, неповрзани со некоја државна црква или деноминација, и коишто делуваат самостојно, што обично се резултат на протест на организацијата во рамките на матичното тело или повик за промени на доктрината. Тие често се насочени кон заживување на духовноста на веќе усталени протестантски цркви. Тука спаѓаат и Братството од Плимут, Црква на Светост и редица други, како и модерните пентекост­ални и каризматски цркви.

Евангелско-протес­тантски цркви, термин под којшто ќе се подразбираат црквите што настанале во рамките или паралелно со протестантските цркви, коишто делат слични идеи, но не се државни. Евангелско-протестантски цркви присутни на територијата на Македонија од првиот бран (1850-1987) се Евангелска(Конгрегациска, Методистичка црква, Баптистичка црква и Црква Божја.

Според построгите дефиниции на протестантството, во Македонија нема „чисти“ протестанти туку Евангелско-протестантски христијани.

Евангелското протестантство во Македонија мини|Дрво на евангелско-протестантските цркви во Македонија. Евангелскиот протестантство станал присутен во Маке­донија, почнувајќи од првата половина на XIX век. Традиционалните евангелско-протес­тантски цркви во Македонија, Евангелска (Конгре­гациска), Мето­дис­тичка и Баптистичка, се јавуваат, во најголема мерка, како последица на големите будења ва Англија и пред сè во Соединетите Држави, во текот на XIX век.

Евангелското протестантство е дел од религиозното и култур­ното живеење во Македонија од самите почетоци на самоосознавањето на македонскиот национален идентитет, од почетокот на XIX век. Неговиот силно изразен образовен, културен и пред сè духовен карактер се појавил во период на голема економска и духовна криза на населението, којашто се јавила како последица на многувековното османлиско владеење.

Денес евангелското протестантство е претставен преку неколку деноминации претставени од Евангелско-протестантска иницијатива а верниците се идентификуваат како евангелско-протестантски христијани

Почетоци Протестантството зачекорува на балканските простори, најнапред преку колпортерите (продавачи на Библии на Британското и странско библиско здружение (БСБЗ), и преку Шкотската мисија за Евреите. Потоа преку мисионери од САД, од Американскиот одбор на испратените во мисии во странство (ABFCM), кои пристигнуваат после службеното воспоставување на дипломатските односи на САД со Отоманското Царство. Во Константинопол, во 1831 година, мисионерите од САД ја основаат првата мисионерска станица во тогашната Империја.

Со отворањето на првото мисионерско седиште, биле создавани изгледни можности за планско делување и ширење на протестантските идеи, првенствено меѓу евреите и христијанското население, бидејќи иако најнапред планирале да ги преобратат припадниците на исламот, сепак оние коишто се преобраќале, биле казнувани со смрт.

Константинополската мисионерска станица, од самото свое создавање развила низа активности, опфатени во три насоки: книжевна, образовна и евангелизаторска. Скромното образование, маргиналната општествена улога, која што ја имале христијаните во Отоманското Царство, биле појдовни позитивни моменти кои ветувале „остварливи можности“ за поширока и потемелна евангелизација, односно „реформирање“ на православните верници однатре.

Ова имало голем успех меѓу ерменците, но по промената на архиепископот протестантските влијанија биле сопрени што довело до основање на првата евангелско протестантска црква во Отоманската Империја и со тоа Протестантски милет од 1846 година.

За теренска работа на мисионерите неопходен бил преводот на Библијата и обезбедувањето литература на матичниот јазик на населението. Поради тоа прво се отпочнувало со превод на Библијата, преку печатење на брошури кои ги појаснувале библиските содржини. Најнапред бил преведен Новиот завет од страна на монахот Неофит Рилски,родум од Банско и објавен од (БСБЗ) во 1841 година.

За да можат сите тие содржини да бидат разбирливи за корисникот, неопходно било негово културно издигнување и просветување. За таа цел, се отворале училишта, курсеви, семинари и се организирале најразлични видови на контакти со народот, кои имале образовни цели. Мисионерите се спуштиле меѓу обичниот свет, им понудиле утеха на многумина кои се наоѓале на самото дно на општественото скалило.

Мисионерите, на тој начин постепено почнале да учествуваат Учеството во духовнато создавање (се мисли на мисионерското учество) на поединецот го вклучува првенствено психолошкиот момент на сугестивност. Активниот едукатор се наоѓа во позиција да пласира информации (можеби и селективни), но истовремено тој е во позиција, токму поради непосредниот и примарен контакт, да добива „брза“ повратна информација. Од друга страна, ако се има предвид релативно малата општествена улога на христијаните во муслиманската држава, неможноста да дојдат до некоја повлијателна општествена функција, односно да се здобијат со повисоко образование, како поголема општествена групација, првенствено значи „овозможување“ на протестатските мисионери значително да го преобратат христијанското население. Но, делувањето на протестантските мисионери меѓу христијанското население можеби и може да се толкува и како тактички потег на Отоманското Царство, бидејќи така христијанското население може да се раздели, односно да се раздвои, на една страна би биле православните, додека пак од друга страна би се формирало значајно јадро на протестантите. Општо гледано христијанската поделеност можеби и не би била така изразена ако се има предвид цврсто устоличениот ислам, кој со својата позиција придонесува повеќе кон обединување отколку кон раздвојување на христијанскиот свет. во создавањето на нивниот поединечен и групен духовен живот.

Скромното образовното ниво на населението, надополнето со главните „особености“ на општественото опкружување, непосредно и светско, како и вклучувањето на антагонистички поставениот ислам, „создале реална можност“ за успешно воведување на протестантството на Балканот.

Првото евангелско училиште на Балканот

За неполна деценија од основањето на првата мисионерска станица во Османлиското Царство, во Бебек, во 1840 година, се отвора првото евангелско училиште на Балканот.

Негов основач бил д-р Сајрус Хамлин. Училиштето се отвора под покровителство на њујоршкиот трговец Христофер Роберт. Ова училиште прераснува во импозантен, за тие времиња и простори, воспитно-образовен центар, кој е воедно центар на прогресот и културата на тој цел географски потег.

Робертовиот колеџ имал оддел за средно образование и универзитет, а со него раководело заедничко претседателство, турско и американско, поседувало библиотека и два музеја.POLYANSKI Andonov Hristo, 'THE ATTITUDE OF THE USA TOWARDS MACEDONIA', Macedonian Review Editions, Skopje, 1983, стр. 34.

Професорскиот колегиум го вовел мисионирањето како задолжителен практикум, поради кој учениците и студентите во текот на летниот распуст "како мисионери ја обиколувале Мала Азија, земјите на денешна Ерменија, Грција, Бугарија и Македонија, проповедајќи го Евангелието и во исто време ширејќи ја Библијата и брошурите со духовна содржина на народните јазици на тие народи.МОЈЗЕС Паула, 'МЕТОДИЗАМ, КРАТКА ИСТОРИЈА МЕТОДИСТИЧКЕ ЦРКВЕ", Издание на Секретаријатот на Методистичките цркви во ФНРЈ, Нови Сад, 1962, стр. 69."

За своето педесетгодишно постоење, колеџот дал значителна стапка на школуван кадар, кој подоцна се враќа и работи во местата од каде потекнува. Културната доминација на колеџот, особено непријатно ја почувствувал Грчкиот патријарх во Цариград, кој протестирал кај султанот, а тој, истиот го затвора, под образложение дека работи против интересите на турската држава. По смртта на Мухамед Втори, оваа одлука престанала да важи. Основањето на колеџот, бројните мисионерски станици и раздвижувања низ Балканот и посебно во Македонија, како и силното незадоволство меѓу народните маси од условите во кои тие живеат, претставувале солидна основа за успешна протестантска активност.

Протестантството, кој во центарот на своето внимание го поставува поединецот, го неутрализира и целосно го отапува дејството на гломазната и разгранета црковност. Заменувајќи го колективитетот со поединецот, а воедно не губејќи ги придобивките на колективното живеење, протестантскиот облик на религиозно организирање, станува доволно привлечен за населението на овие простори.

Ширење

Протестантите формираат мали верски заедници, во кои воспоставуваат цврсти примарни контакти. Во овие заедници поединецот максимално ја развива својата поединечност, преточена низ поединечното пристапување, делување, убедување, а во исто време поединецот е постојано свесен и сигурен дека припађѓа на една цврста заедница во која има свое место и која што е постојано присутна во неговото социјално делување.

Таа е заедница во која постои цврста двонасочна комуникација, вметната во самата нејзина основа. Нејзината основа пак се темели на безграничната верба и благодарност кон личноста и делото на Исус Христос. Па според тоа, малите верски заедници се најавтентичните, а во исто време и најчистите облици на човековото религиозно живеење.