thumb|Гравура на скафандерско нуркање од 1873 г. thumb|right|Воен нуркач на американската морнарица со лесен нуркачки шлем Скафандерско нуркање, површински-снабдувано нуркање или несамостојно нуркање (наречено и „хука нуркање“) е нуркање со доток на гас за дишење по пат на таканаречена „папочна врвца“ од „пловило“ на површината, т.е. непосредно од помошно нуркачко пловило но можеби и индиректно, преку нуркачка комора. Нуркачката опрема, која нашироко се употребува за рекреативно нуркање, е главната алтернатива на површински-снабдуваната нуркачка опрема.
Со вакво нуркање главно се занимаваат професионални и воени нуркачи заради големиот трошок и сложеноста за операриање на ваквата опрема. Ваква опрема се користи и за заситено нуркање. Нуркачите на главата носат нуркачки шлем или пак целосна нуркачка маска со доток од површината. Површински снабдуваните нуркачи користат и сферичен шлем со окна од месинг и стакло, како историскиот нуркачки скафандер.
Во опремата за површински-снабдувано нуркање обично спаѓа и апарат за комуникација со површината, која дава не само сигурност, туку и ефикасност во работата. Вака нуркачот не би требало да има моменти без воздух бидејќи вака на површината истрошениот цилиндар за довод може на време да се замени со нов.
Површински-снабдуваната опрема за нуркање е задолжителна во американската морнарица при нуркање во мошне загадени води.
Поврзано Нуркачко ѕвоно Нуркачка комора Нуркачка пумпа
Наводи
Надворешни врски Хука
Категорија:Нуркање
cs:Neoprenová kombinéza da:Våddragt de:Tauchanzug en:Surface-supplied diving fr:Scaphandrier he:צלילה באספקת שטח io:Skafandro ja:送気式潜水 ko:잠수복 pl:Płetwonurkowanie tr:Dalgıç elbisesi