Металци („metalheads“ во англојазични земји) е популарен назив за луѓе кои слушаат хеви метал музика и припаѓаат на хеви метал поткултурата.Мерием Вебстер - дефиниција за металец

Танц Некои движења на телото се речиси универзални во метал културата, како што се „удирањето со глава“ (англ. headbanging), „скокањето од бина“ (stage diving), шуткањето (moshing, pitting), сурфањето и скокањето во публиката (crowd surfing), и свирањето на невидливи гитари — „воздушна гитара“ (air guitar). Исто така се присутни и разни гестикулации со рака како познатите „ѓаволови рогови“.

Облека Хеви метал облеката на раните 1980-ти се состоила главно од тексас фармерки, каубојки, црни маици и кожни јакни со навртки и пришивачи на бендови. Долга коса била речиси обврзна.

Во 1990-тите, металската мода малку се променила, во согласност со појавата на поекстремни правци на металот, како дет метал, блек метал и грајндкор, како и под влијанието на гранџ и готик. Црната боја доаѓа повеќе до израз и црни тексас фармерки или маскирни панталони полека ги заменуваат сините тексас, кои сега претставуваат стил на осумдесеттите. Мартинки главно заменуваат каубојки, а наместо јакни со навртки и пришивачи, сите сè повеќе ги носат популарните јакни „виетнамки“.

Иако долгата коса и понатаму останала неразделив елемент на хеви метал културата, во 90-тите станува прифатена и кратка коса или избричена глава, најмногу под влијание на Metallica, Кери Кинг од Slayer и Фил Анселмо од Pantera.Брендон Стоузи „Heavy Metal: It's alive and flourishing“ In Slate, 19 август 2005. За разлика од металците во 80-тите кои најчесто се бричеле, или носеа мустаќи, во 90-тите бради станаа популарни, а посебно т.н. „шилесто брадиче“.

Наводи

Поврзано Хеви метал музика

Категорија:Хеви метал Категорија:Поткултури