Мексиканскиот крокодил (Crocodylus moreletii) познат и под името Морлетов крокодил — релативно мал крокодил кој живее во Мексико. Најчесто расте до 3 метри во должина, и припаѓа во групат на загрозени видови.
Историја Морлетовиот крокодил е откриен во Мексико во 1850 година и е именуван по францускиот биолог Пјер-Мари Артур МорлетBritton, Adam. "Crocodylus Moreletii." Crocodilians Natural History and Conservation. 2002. <http://www.flmnh.ufl.edu/cnhc/csp_cmor.htm >. Поради слични одлики долго време бил поистоветуван со Американскиот крокодил и со Кубанскиот крокодил. Дури во 1920-тите научниците ги идентифицирале како комплетно различни видови"Morelet's Crocodile." Angel Fire. 15 мај 2003. <http://www.angelfire.com/mo2/animals1/crocodile/morelet.html>.
Особености Мексиканскиот крокодил е релативно помал од останатите крокодили. Мажјаците се поголеми од женките (види полов диморфизам). Возрасен крокодил може да достигне должина од помеѓу 3и 4,2 метри"Morelet's Crocodile." Belize Zoo. 2007. <http://www.belizezoo.org/zoo/zoo/herps/cro/cro1.html >, големина слична на таа на американскиот и кубанскиот крокодил.
Овој вид има одредени одликки кои овозможуваат негова лесна идентификација. Има многу широка муцка со 66 до 68 заби кај возрасна единка. Забите на двете вилици, и горната и долната, им се совршено порамнети. Четвртиот заб на долната вилица е видлив дури и кога устата на крокодилот е затворена, бидејќи овој заб е малку поголем од останатите.
Ноздрите се наоѓаат на врвот на муцката, позади нив се наоѓаат очите, па ушите, сите три се наоѓаат на врвот на главата. Оваа градба им овозможува да мирисаат, гледаат и слушаат дури и кога се речиси целосно под вода. Крокодилите можат да гледаат под вода благодарение на трепкачка ципа која го обвиткува окото.
Мексиканскиот крокодил има томно сива-кафеава боја. Имаат темни белези и точки на телото и опашката. Иако изгледаат доста слично на Американскиот крокодил, овој вид е со малку потемна боја. Младите крокодили имаат жолта боја и темни дамки. Ирисот на овие крокодили е со сребренкасто-кафеава боја. Мексиканскиот крокодил како и останатите кватриподи има 4 нозе. На задните нозе има и пловна кожичка која им помага при пливањето. Крокодилите се доста силни животни, со силни мускули кои им овозможуваат нагли движење. Тие се исто така можат и да трчаат доста брзо.
Живеалиште Мексиканскиот крокодил го среќаваме во слатководни живеалишта во Средна Америка и во долж на Мексиканскиот Залив низ Белиз, Гватемала и до Мексико. Овие крокодили претпочитаат слатководни живеалишта каде лесно можат да се изолираат. Ги среќаваме во слатководните мочуришта и бари кои се наоѓаат во внатрешноста на земјата, и во големите реки и езера. Сите живеалишта на овиe крокодили се со бујна вегетација која ја користат за криење.
Мексиканскиот крокодил го среќаваме исто така и во крајбрежни живеалишта. Во овие предели солената вода од морето се меша со слатката вода од внатрешноста. Во овие предели живеалиштето е малку поинакво отколку во внатрешноста на копното. Мексиканските крокодили живеат и во тревестите савани на полуостровот ЈукатанNavarro, Carlos. “The Return of the Morelet’s Crocodile.” Reptilia. <http://www.reptilia.net/articulos_ing/036.pdf >. Крокодилите се пораспространети за време на дождливата сезона кога има големи поплави кои им овозможуваат полесно движење. За време на сувата сезона возрасните единки копаат дувла. Живеалиштето на овој вид, на некои места се препокрива со живеалиштето на американскиот крокодил, поради што често се прави забуна помеѓу двата вида.
Исхрана Крокодилите се месојади и јадат големи количини месо. Тие го ловат нивниот плен со употреба на карактеристични техники на лов. Крокодилите го убиваат својот плен со тоа што го зграпчуваат со моќните вилици, а потоа го одвлекуваат во водата за да се удави.
Додека се млади и немоќни да ловат поголеми животни, крокодилите се хранат со риби и инсекти"Freshwater Crocodile." Australia Zoo. <http://www.australiazoo.com.au/our-animals/amazing-animals/reptiles/?reptile=crocodilians&animal=freshwater_crocodile#Mr%20Freshy >. Крокодилите ловат мали цицачи (каде спаѓаат домашни животни од типот на мачка и куче, како и некои диви животни), птици и други влекачи. Мексиканските крокодили се и канибали, што значи дека се случува да си ги јадат младенчињата.
Размножување Парењето најчесто се случува за време на април и јуни. Женката носи помеѓу 20 и 45 јајца. Гнездата се во близина на вода и обично младите крокодили излегуваат од јајцата после 80 дена инкубација. Јајцата се закопани во гнездата кои се бранети од двата родитела. Кога младите крокодили ќе излезат од јајцата, женките ги земаат и ги префрлаат до водата.
Заштитен статус Мексиканскиот крокодил долго време бил загрозен од уништувањето на природното живеалиште и нелегалниот лов"Crocodylus Moreletii." Florida Museum. <http://www.flmnh.ufl.edu/natsci/herpetology/act-plan/cmore.htm>. Поради овие две причини бројноста на популациите значително е намалена. Поради квалитетот на нивната кожа, овие крокодили биле многу ловени за време на 1940-тите и 1950-тите. Кожата се користи за правење паричници, чевли и мантили.
Покрај ловот и уништување на живеалиштето, мексиканскиот крокодил е загрозен и поради други фактори. Младите крокодили се често плен на птици, желки и змии. Регистрирани се случаи и на ракуни кои ги откопуваат гнездата и ги јадат јајцата на крокодилите.
Мексиканскиот крокодил е загрозен вид. Организација која е најангажирана за заштита на крокодилите е „Crocodile Specialist Group“ која е формирана во 1971 годинаKing, F. "The Crocodile Specialist Group." Crocodile Specialist Group. 4 Mar. 2002. <http://www.flmnh.ufl.edu/herpetology/Crocs.htm >. Ова е светски позната организација составена од биолози и други специјалисти кои се борат за заштита на 23 вида на крокодили и алигатори. „Crocodile Specialist Group“ ја набљудува трговијата со крокодилски кожи, и помагаат во откривање на ловокрадството. Кога започнала со работа оваа организација, сите крокодилски видови биле загрозени, денес некои од овие статуси се променети.
Наводи
Категорија:Крокодили Категорија:Незагрозени видови според МСЗП