Алфред Драјфус (фр. Alfred Dreyfus) бил француски артилериски офицер од еврејско потекло чие судење во 1894 година за предавство и шпионажа предизвикало голема политичка афера во француската и европската понова историја. Оваа афера и денес е позната како Аферата Драјфус. Пензиониран е со чин потполковник во 1918, откако бил рехабилитиран во 1906 и служел сѐ до крајот на Првата светска војна.
Категорија:Француски Евреи Категорија:Родени во 1859 година Категорија:Починати во 1935 година Категорија:Офицери на Легијата на честа Категорија:Погребани на гробиштата „Монпарнас“