Напев на Г-жица (гер. Air auf der G-Saite) е адаптација од германскиот виолинист Август Вилхелми на оркастрално дело од Јохан Себастијан Бах насловено како „Ер“. Делото се свири бавно и слободно, и се одликува со испреплетена хармонија и мелодија.

Историја Изворното дело е споменатот „Ер“ од Оркестралната свита Бр. 3 во Д-дур, BWV 1068, компонирана за неговиот покровител, Леополд, Принц на Анхалт-Кетен некаде помеѓу 1717 и 1723 г.

Насловот доаѓа од Вилхемиевиот аранжман на делото за виолина и пијано. Со транспозиција на тоналитетот на делото од изворниот Д-дур во Ц-дур и снижување на мелодијата за една октава, Вилхеми можел да го свири ова дело на само една жица од виолината - Г-жицата.

Надворешни врски (најдолу)

Free typeset Партитура за тромбонски квартет од Cantorion.org

Аудиоснимка

Видеоснимка Изведба на „Напев на Г-жица“ од виолончелистот Џулијан Лојд Вебер

Категорија:Дела на Јохан Себастијан Бах

de:Orchestersuiten (Bach)#Suite Nr. 3 D-Dur BWV 1068