Саун Пауло — држава во Бразил. Центар е на бразилската економија и индустрија. Крстена е по Св. Петар. Од бразилските држави Саун Пауло е најнаселена. Престолнина е Саун Пауло, кој исто така е најголем град во Јужна Америка.

Историја Независност на Бразил Португалскиот Престолонаследник принцот Педро де Алкантара, Бурбон е Баранка ја наследиле татковата љубов кон Бразил, отфрлувајки ги барањата од Лисабон дека Бразил треба да се управува од Европа. Според легенда, во 1882-ра регентот јавал коњ надвор од Саун Пауло кога курир донел порака дека треба да се врати во европа. Тогаш Педро го дигнал мечот и извикал “Independencia ou morte!” ("Независност или смрт!"). Малата матична земја Портигалија не била во позиција да издржи, и на 7 септември 1822, Педро го удрил печатот на независен Бразил, и станал Дом Педро I Бразилски Император. Бразил останал империја до 1889. Либералноста паралено растела и во Бразил и Европа. При прогласувањето независност, Саун Пауло имал 25,000 жители, бројот жители во наредните 60 години солидно растел. Во доцните 1860-ти Саун Пауло ја добил првата железничка пруга, направена од британски инженери. Бразил во средината на 18 век станал главен светски извозник на кафе. Помеѓу 1901 и 1910-та, извозот на кафе земал 51% од целокупниот бразилски извоз. Во меѓувреме, Бразилската монархија пропаднала во 1889. Феудалниот режим пропаднал и новиот устав дал децентрализирана власт. Новата кафе елита видела шанса за управување. Имало потреба од работници, ропството било аболирано во 1888, и од страв земјата да не стане црнечка држава била промивирана емиграцијата преку подарување на земја. Од 1893, странците претставувале 55% од населението на Саун Пауло. Од 1920 Саун Пауло бил втор град по големина во Бразил.

Географија Државата зафаќа површина од 248,800 км2, со население околу 40 милиони (21.5% од населението на Бразил), тоа ја прави најнаселена држава во Бразил. Ужива тропска и суптропска клима, Престолнината лежи на југ на 800 m надмосрка височина со просечни дневси температури помеѓу 19 °C и 28 °C. Саун Пауло е најбогата држава во Бразил.

Поголеми градови Ранк Град Население 1 Саун Пауло 10,886,518 2 Гуаруљос 1,283,253 3 Кампинас 1,059,420 4 Саун Бернандо до Кампро 781,390 5 Осаско 701,012 6 Санто Андре 667.891 7 Саун Хосе дос Кампос 594,948 8 Сорокаба 559,157 9 Рибеирао Прето 547,417 10 Сантос 418,288 11 Mоѓи дас Крузес 400,000 12 Саун Хосе до Рио Прето 398,079 13 Диадема 386,779 14 Карапикуиба 379,566 15 Мауа 375,769

Демографија thumb|180px|right|Либердаде, Саун Пауло, најголема концентрација на Јапонска заедница. Според пописот од 2007-ма државата брои 41,164,000 жители, густината на населеност изнесува 165,4 ж. на км2. Урбанизираност: 94.6% (2006); национален прираст: 1.8% (1991-2000); Домаќинства: 12,610,000 (2006). Структура: 28,814,000 Белци (70.0%), 9,879,000 Пардо (24.0%), 2,058,000 Црнци (5.0%), 411,000 Азијати или Домородни народи (1.0%). Луѓе со италијанско потекло доминираат во повеќето градови, вклучувајќи ја престолнината и северниот дел на државата, кој е 65% Италијански. Луѓе со Португалско и Шпанско потеклоо има во повеќето градови. Со африканско и црвенокожо потекло се релативно бројни. Саун Пауло е дом на повеќето Азијати од Бразил, во државава ја има најголемата концентрација на Јапонци надвор од Јапонија. Има доста луѓе со левантско потекло, повеќето Сиријци и Либанци. Повеќето Евреи од Бразил живеат во државава.

Стопанство Секторот за услуги зазема најголем дел од БДП со 47.2%, следен од индустрискиот сектор со 46.3%. Земјоделието зазема 6.5% од БДП (2004). Саун Пауло извезува: vвозила 17.2%, аавиони и хеликоптери 11.6%, храна 10%, шеќер и алкохолно гориво 7.8%, портокалов џус 5.2%, телекомуникациона техника 4.1% (2002). Учество во бразилската економија: 33.9% (2005). Саун Пауло е одговорна за апроксимирано една третина од Бразилскиот БДП. Богатството е неравномерно разпределено во државата.

Статистика Возила: 15,453,454 (Март/2007); Клеточни телефони: 25 милиони (Април/2007); Телефони: 13,8 милиони (Април/2007); Градови: 645 (2007).Извор: IBGE. Образование thumb|190px|right|Кампински Државен Универзитет во Кампинас. Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.

Образовни институции Институт за јадрено и енергетско истражување (ИНЕИ); Аеронаутички технолошки институт (АТИ); Универзитет Саун Пауло (СПУ); Саун Пауло федерален универзитет (Unifesp); Кампински Државен Универзитет (Unicamp); Саун Карлос федерален универзитет (UFSCar); Таубате Универзитет (Unitau); Федерален Универзитет АБЦ (UFABC); Сорокаба Универзитет (Uniso) ; и др. Култура Инфраструктура Политички Систем Спорт Поголеми градови

Саун Пауло, Гуаруљос, Кампинас, Саун Пауло бернардо до Кампо, Осаско, Санто Андре, Саун Хосе дос Кампос, Сорокаба и др.

Поврзано

Бразил Официјална страница бразилски туристички портал Државно собрание (Assembléia Legislativa) Список на општини во Саун Пауло

Белешки

Категорија:Сојузни држави во Бразил