Знамето на Општина Битола било усвоено на 21 март 2006 на свечена седница на Советот на Општина Битола.
Опис Тоа се состои од поле со бела боја, во чие средиште се наоѓа грбот на општината. Грбот на општината ги симболизира богатата и длабока историја на Битола а црвено–златниот штит ја претставува современа Битола, подемот на нејзината урбана, духовна и материјална култура. Воедно со својата визуелна стуктура асоцира и на осончаните врвови на пелистерските молики и пелагониското златно класје. Со својот сферичен долен дел грбот асоцира на белиот амфитеатар во Хераклеја. Белата боја е метафора на моралната чистота и етиката. Новиот грб и знаме на Општина Битола на мрежното место на Општината Битола
Наводи
Поврзано Општина Битола Грб на Општина Битола Знамиња на општините во Македонија
Надворешни врски Свечено подигање на новото знаме на Општина Битола Новото знаме и грб на Општина Битола на мрежното место на Утрински Весник.
Категорија:Општина Битола Битола, Општина