Нилскиот крокодил (Crocodylus niloticus) ― влекач од семејството крокодили, кој ги населува повеќето региони во Африка (со исклучок на Северна Африка, Сејшели и Комори островите).
Просечната должина на возрасна единка изнесува 4 метри, но забележани се и единки кои надминуваат 7 метри како крокодилот од Бурунди наречен Густав.
Потекло на поимот Биномното име Crocodylus niloticus е добиено од грчкиот збор κρόκη (kroko; „камче“), и δρῖλος (deilos; „црв“), што се однесува на неговата груба кожа, и niloticus, што значи „од Нил“. Нилскиот крокодил е наречен танин ха-јеор на хебрејски,Обата зборови потекнуваат од Библијата. Јеор е библиското име на Нил. тимсах ал-нил на арапски јазик, мамба на свахили, гарве на шонски јазик, нгуенија/нгвенија на ндебелејски јазик, нгуена/нгвена во банту државата Венда и куена/квена на сотски и цвански. Исто така, понекогаш се нарекува африкански крокодил, етиопски крокодил, обичен крокодил или црн крокодил.Stevenson-Hamilton, J. (1954). Wild life in South Africa. Cassell and Co., London.
Распространетост и живеалиште Во антиката, нилските крокодили ја населувале делтата на реката Нил. Херодот запишал дека го населувале и езерото Моерис. Се смета дека изумреле во пределот на Сејшелите во почетокот на 19 век. Според пронајдените фосилни остатоци се знае дека го населувале и езерото Едвард. Нилискиот крокодил денес е распространет од реката Сенегал, езерото Чад и Судан до делтата на Окаванго. На Мадагаскар ги среќаваме во западните и јужните делови на островот. Повремено, овие животни се забележани и во Занзибар и на Комори .
Во западна Африка, нилскиот крокодил најчесто се сретнува во крајбрежните лагуни, делтите и во реките кои граничат со екваторскиот шумски појас. Во источна Африка живеат во реки, езера, мочуришта и брани. Се случува понекогаш и да навлезат во океанот, па еден примерок во 1917та година бил забележан на 11 км од брегот на Света Луција .
Особености Нилскиот крокодил има темно бронзена боја на грбот со црни точки, додека стомакот му е со темножолта боја. Страните кои се со жолто-зелена нијанса имаат темни дамки кои се протегаат како коси пруги. Постои и варијација на бојата на кожата во зависност од живеалиштето. Така, крокодилите што живеат во реки со брз тек се со посветла боја на кожата од крокодилите кои престојуваат во езера или мочуришта. Овие крокодили имаат очи со зелена боја, кои се заштитени со трепкачка ципа. Поседуваат и жлезди кои лачат солзи и го чистат окото.
Како и останатите крокодили и овие поседуваат четири кратки расчекорени нозе, долга опашка и моќни вилици. Кожата им е крекриена со крлушки и редови од коскени израстоци кои се протегаат во долж на нивниот грб и опашка.
Ноздрите, очите и ушите се наоѓаат на врвот на главата, што им овозможува додека го држат целото тело под вода, истовремено да слушаат и да ја гледаат околината. Младите крокодили имаат сива или кафеава боја со потемни пруги на телото и опашката. Како растат тие добиваат се потемна боја, а пругите, поготово оние на телото, исчезнуваат.
Овие крокодили најчесто лазат на стомак, но исто така можат и да одат со телото издигнато од земјата. Помалите единки можат и да галопираат, а некои од поголемите крокодили можат да достигнат брзина и до 12–14 км/ч. Овие животни се одлични пливачи, и пливаат со тоа што го мрдаат телото и опашката на синусоиден начин. Можат да пливаат подолго и со брзина од 30–35 км/ч.
Нилскиот крокодил поседува срце со 4 комори, кое е доста ефикасно во оксидирање на крвта. Најчесто нуркаат само неколку минути, но доколку се во опасност можат да останат под вода и до 30 минути, а доколку не се движат можат да го задржат здивот и до 2 часа.
Силата на загризот на возрасен нилски крокодили измерена од страна на доктор Брејди Бар (Brady Barr) изнесува 22 kN. Сепак мускулите кои служат за отворање на вилицата се доста слаби, што му овозможува на човекот да ја држи затворена устата на крокодилот употребувајќи малку силаNational Geographic documentary; "Bite Force", Brady Barr.. Овие животи поседуваат помеѓу 64 и 68 заби. Младите крокодили поседуваат специфичен тврд кожен израсток на врвот на устата кој служи за кршење на лушпата на јајцето при нивното изведување, и кој брзо го снемува.
Големина thumb|Споредување на големината на Нилскиот крокодил Crocodylus niloticus (просечен и најголемата регистрирана единка) со човек. Нилскиот крокодил е најголемото крокодиловидно животно во Африка и се смета за втор најголем крокодил после морскиот крокодил. Најчесто достигнуваат должина од 3,7 до 5 метри, но регистрирани се единки и од 6 метриSomma, Louis A. (19 јуни, 2002). Crocodylus niloticus Laurenti, 1768. USGS Nonindigenous Aquatic Species Database. Retrieved 14 јули,, 2006 from the USGS .. Просечен мажјак тежи околу 545 килограмиNile Crocodile. (n.d.). Retrieved 16 декември, 2004 from SeaWorld/Busch Gardens, Animal Bytes , но во ретки случаи достигнуваат и до 909 килограми<http://www.reptileworldzoo.com/gators.htm >. Најголемиот мажјак нилски крокодил бил убиен во Танзанија и бил дол долг 6,45 метри и тежел околу 1090 килограмиWood, The Guinness Book of Animal Facts and Feats. Sterling Pub Co Inc (1983), ISBN 978-0-85112-235-9. Како и останатите крокодиловидни животни, и кај нилскиот крокодил постои полов диморфизам, така што мажјаците се за околу 30% поголеми од женките. Возрасните женки достигнуваат должина од 4 метри и тежат околу 300 килограми.
Постојат пријави за крокодили кои биле долги 7 метри, меѓутоа поради честото преценување на големината, постојат големи сомневања во веродостојноста на овие изјави. Најголемиот жив примерок се чини дека е човекојадниот нилски крокодил од Бурунди со име Густав, за кој се верува дека е долг 6 метри. Вакви џинови се ретки денес, но биле многу чести во минатото кога имало многу поголеми населенија на крокодили, многу повеќе природно живеалиште и пред претераниот лов во 1940-тите и 1950-тите години.
Постојат одредени докази кои укажуваат на тоа дека нилските крокодили кои живеат на поладна клима, како во јужните делови на Африка, се помали и достигаат должина од само 4 метри. Постојат и џуџести нилски крокодили во Мали и во пустината Сахара кои растат само 2 до 3 метри во должина. Се претпоставува дека нивната големина се должи на лошите услови за живот а не на генетските предиспозиции.
Исхрана Нилскиот крокодил е опортунистички суперпредатор кој го напаѓа било кое животно. Младите крокодили се доста мали, па затоа на почетокот се хранат со мал плен како инсекти и мали безрбетници, а потоа брзо напредуваат кон водоземци, влекачи и птици. Иако се суперграбливци, дури и на возрасните крокодили главна храна им претставуваат рибите и други мали рбетници. Сепак возрасните единки претпочитаат поголем плен со цел да заштедат енергија. Нилските крокодили не пребираат многу во однос на исхраната, па напаѓаат скоро било кое животно кое доаѓа да пие вода на работ од реката. Најчест плен од цицачите се зебра, дива свиња, антилопа, коза, овца, гну и домашно говедо. Поголеми хербивори како жирафа или бафало се исто така плен повремено. Грабливци како хиените, леопардите и други крокодили, вклучувајќи и единки од истиот вид, се исто така регистрирани пленови на нилскиот крокодил. За крај, постои најмалку еден запис за група крокодили кои убиваат женка од Црн носорог во реката Тана во Кенија .
Возрасните нилски крокодили ги употребуваат телото и опашката за да ги насочат јатата риби кон плитак и потоа ги јадат со нагло завртување на главата. Крокодилите знаат и да соработуваат, односно тие се групираат и формираат полукруг во реката со што ги блокираат рибите кои мигрираат. Доминантниот мажјак секогаш јаде прв.
thumb|right|Пескар кој ги чисти забите на нилски крокодил. Способноста да лежат скриени во вода, комбинирано со големата брзина на кратки дистанци, ги прави овие животни ефикасни опортунистички ловци на голем плен. Тие го зграбуваат пленот со моќните вилици, го одвлекуваат во вода и го држат под вода сè додека не се удави. Групи на крокодили можат да патуваат стотици метри во должина на реката за да се хранат со мрша.
Кога пленот е мртов тие го јадат со откинување на парчиња месо. Кога група на крокодили го дели убиениот плен, ја користат силата на загриз и на другите крокодили за да откинуваат поголеми парчиња месо. Тие загризуваат и потоа го превртуваат целото тело. Ова движење се нарекува и „смртоносно превртување“. Доколку крокодилот е сам, како поддршка може да користи и гранки или камења на кои го прикачуваат пленот.
Нилските крокодили се познати и по симбиотската врска со некои птици, како пловерот. Според одредени записи, крокодилот широко ја отвора устата, птицата влегува и ги чисти забите од малите парченца месо кои се заглавени меѓи нив. Ова сѐ уште е тешко да се докаже, и најверојатно не претставува вистинска симбиотска врска.
Размножување right|thumbnail|250px|Група на нилски крокодили Мажјаците достигнуваат полова зрелост кога се долги околу 3 метри, додека женките кога се долги 2-2,5 метри. И на двата пола, за да ги достигнат овие должини им се потребни околу 10 години во нормални услови.
За време на сезоната за парење, мажјаците ги привлекуваат женките со рикање, плескање по водата со муцката, исфрлање вода низ носот како и испуштање на многу други звуци, кои сепак се многу помалку вокални од американсиот алигатор . Според набљудувањата поголемите мажјаци се доста поуспешни во привлекување на женките. Женките ги несат јајцата околу 2 месеци после парењето.
Градењето гнездо се одвива во ноември или декември, односно за време на сувиот период во Северна Африка, и за време на дождовниот период во Јужна Африка. Најчесто гнездата ги градат на песочни брегови и пресушени речни текови. Женката копа дупка длабока 50тина сантиметри оддалечена неколку метри од брегот, во која положува од 25 до 80 јајца. Бројот на јајцата се разликува во различни населенија, но во просек изнесува 50 јајца. Се случува повеќе женки да ги изградат гнездата многу блиску едни до други.
За разлика од останатите крокодили, кои гнездата ги прават од растенија, женката од нилски крокодил јајцата ги закопува во песок. Откако ќе ги закопа, идната мајка го чува гнездото за време на целиот период на инкубација кој трае 3 месеци. Идниот татко исто така останува во близина на гнездото, и заедно со мајката постојано напаѓаат доколку некој се доближи до јајцата. И покрај постојаната грижа на двајцата родители, гнездата многу често се уништувани од луѓето, гуштерите или некои други животни, за време кога мајката е на кратко отсутна.
Пред да излезат од јајцата, младите крокодили испуштаат пискави звуци кои се сигнал за мајката да го откопа гнездото. И мајката и таткото ги земаат јајцата во устата и ги тркалаат помеѓу јазикот и горниот дел од устата со што помагаат во кршењето на лушпата и излегувањето на младите. Кога ќе излезат од јајцата, мајката ги носи младите до водата.
thumb|left|250px|Јајца од нилски крокодил Одредувањето на полот на младите крокодили е зависен од температурата, што значи дека полот не е одреден генетски, туку во зависност од просечната температура за време на втората третина од периодот на инкубација. Ако температурата во гнездото е пониска од 31,7 °C или повисока од 34.5 °C, младите ќе бидат женски. Ако температурата е во рамките на овие степени, младите крокодили ќе бидат машки.