Иван Андреев Георгов () — македонски педагог, научник, филозоф и историчар во Бугарија роден во Велес, Македонија.Петър Чолов, "Български историци. Биографично-библиографски справочник", Академично издателство "Проф. Марин Дринов", София, 1999, стр. 68.

Животопис thumb|right|200px|"Денешната положба во Македонија под грчка и српска власт и Општеството на народите", 1925. Роден е во на година. Син е на општествениот деец Андреј Георгов и брат на бугарскиот новинар и политичар Илија Георгов. Студирал во Јена, Германија, и Женева, Швајцарија. Доктор по филозофија на универзитет во Јена.

Во 1889 ги завршил студиите со докторат и се вратил во Бугарија, каде бил примен на педагошка работа во Софискиот универзитет. Бил раководител на катедрата за историја на филозофските науки до 1934, декан на Факултетот за историја и филологија во 1901-1902 и 1908-1909, четири пати ректор на универзитетот (1898-1899, 1905-1906, 1916-1917, 1918-1919), а исто така член на Бугарската академија на науките од 1902 година и раководител на одделот за историја и филозофија во академијата од 1928 до 1936. Иван Георгов е еден од основачите и прв претседател на Македонскиот научен институт во периодот 1923-1927. Умира во на .

Дела

"Джордано Бруно", "Български преглед", 1900, 6 ("Џордано Бруно", "Бугарски преглед"). "Няколко думи върху документите по историята на нашето Възраждане", "Периодическо списание" на Българското книжовно дружество, 1902, 63 ("Неколку зборови во врска со документите по историјата на нашата Преродба", "Периодическо списание" на Бугарското книжевно друштво). „Що е съвест?“, 1903 ("Што е совест?"). "Материали за речника на Велешкия говор", Сборник за народни умотворения и книжнина (СбНУ), 1904, 20 ("Материјали за речникот на Велешкиот говор", Зборник за народни умотворби и книжнина). во "Библиотека Струмски" „Първите начала на езиковия израз за самосъзнанието у децата“, 1905 ("Првите почетоци на јазичниот израз за самосознавање кај децата"). „Материали по нашето Възраждане“, СбНУ, 1909, 24 („Материјали за нашата Преродба“). во "Библиотека Струмски" „Die bulgarische Nation und der Weltkrieg“, 1918, A. Hofmann & Co („Бугарската нација и Светската војna“). во "Библиотека Струмски" „История на филозофията", Том 1 Древна филозофия, Том 4 Нова филозофия до Канта, Част 1 Нова филозофия до Хобса, 1925-1936 ("Историја на филозофијата", том 1 Древна филозофија, том 4 Нова филозофија до Кант, дел 1 Нова филозофија до Хобс). „Днешното положение в Македония под сръбска и гръцка власт и Обществото на народите“, 1925 („Денешната положба во Македонија под српска и грчка власт и Општеството на народите“). в "Библиотека Струмски" „La Question macédonienne“, 1926 („Македонското прашање“). "Поглед върху развитието на университета", 1929 ("Поглед кон развоjот на универзитетот").

Извори

Надворешни врски Добрин Тодоров, "Иван Георгов - основоположник на модерното филозофско образование в България", Годишник на Минно-геоложкия университет "Св. Иван Рилски", том 49, св. IV, Хуманитарни и стопански науки, 2006.

Георгов, Иван Георгов, Иван Георгов, Иван Категорија:Предавачи на Софискиот универзитет Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Македонски општественици