thumb|250px|right|float|Катник кај човек со прикажани делови, меѓу кои и пулпата. Забната пулпа (pulpa dentis) — најминијатурниот орган во човековото тело. Сместен е во шуплината на забот (cavum dentis) и од секаде е обиколена со дентин, освен во пределот на отворот на врвот на коренот на забот (foramen apicis dentis) преку кој навлегуваат крвни садови и нервни влакна. Пулпата е ретко сврзливо ткиво.

Функции на пулпата

Дентиногена Функција - учествува во создавање на дентин. Нутритивна или хранителна функција - се остварува преку нервните влакна и крвни садови Заштитна или одбранбена функција - пулпата реагира на механички, топлински, бактериски, хемиски и други фактори со болка.

Структурна организација на забната пулпа

Одонтобластен слој Тоа е слој, составен од цилиндрични клетки (одонтобласти) кои се движат по површината на забната пулпа на границата со дентинот. Од одонтобластите излегуваат Томесови процесуси кои навлегуаат во дентинските каналчиња и учествуваат во неговата исхрана.

Субодонтобластен слој Се состои од: Ацелуларна зона или Веилова Зона и Клеточна зона или Хохлова зона.

Во Веиловата зона се наоѓа мрежа на нервни влакна - Решкова мрежа. Под Веиловата зона се наоѓа Хохловата клеточна зона во која се наоѓаат повеќе типови на клетки од кој најзастапени се фибробластите.

3. Централна зона Тоа е дел од забната пулпа во кој се наоѓаат клетки, крвни садови, нервни влакна, лифмни садови, ретикуларни, колагени и еластични влакна кој се потопени во водена маса.

Во пулпата може да се сретнат и недиференцирани клетки кои понекогаш во зависност од потребите може да се диферецираат.

Наводи

Категорија:Заби Категорија:Ткива Категорија:Сврзни ткива Категорија:Стоматолошка анатомија