Пиј V (лат. Pius PP. V; 17 јануари 1504 - 1 мај 1572) — римски папа од 7 јануари 1566 до 1 мај 1572Сите папи досега: целосен список на The Guardian. Тој е светец во Римокатоличката црква. Тој е познат по имплементацијата на одлуките од Тридентскиот собор, контрареформацијата и стандардизирањето на литургиите.

Тој бил Домиканец. Ја поддржувал инквизицијата и бил против осовременување на црквата. Папата Павле IV го назначил на почесната функција врховен инквизитор.

На 7 јануари 1566 бил избран за папа, но бил избран 10 дена подоцна, на својот 52. роденден. За разлика од сите папи претходно коишто носеле црвена облека, тој како Доминиканец бил првиот којшто како папа продолжил да носи облека во бела боја. По него сите папаи ја задржале оваа традиција.

Со тек на време, папата Пиј V забележувајќи дека неговиот авторитет над Христијаните опаѓа, се противел на ширењето на протестантсвото меѓу Христијаните и ја започнал контрареформацијата, која ја започнал во Франција, каде што неговиот авторитет бил најголем. Тој исто така ја обвинувал англиската кралица Елизабета I за ерес, поради определбата за протетантсвото (англиканството) како религија во Англија.

Папата Пиј V умрел на 1 мај 1572 година во Рим.

Наводи

Категорија:Родени во 1504 година Категорија:Починати во 1572 година Категорија:Римокатолички христијани од Италија Категорија:Епископи на Сутри Категорија:Папски светци Категорија:Римокатолички светци Категорија:Антипротестанство Категорија:Членови на Доминиканскиот ред Категорија:Папи Категорија:Италијански папи Категорија:Христијански светци од 16 век Категорија:Римокатолички архиепископи од 16 век Категорија:Италијанци од 16 век Категорија:Инквизитори