Валандово — град во југоисточниот дел на Република Македонија на патот кон Дојран, и административен центар на Општина Валандово. Од Валандово се двои и пат кон Струмица.

Географија алт=Town center of Valandovo.jpg|лево|мини|Центарот на градот Денешното валандовско административно–територијално (општинско) подрачје се наоѓа на јужниот дел на Македонија, во областа Бојмија, распространето на југ од Демиркаписката Клисура, источно од реката Вардар и на запад и север од планинските огранки на Плавуш и Беласица. На север од валандовскиот крај се протега Тиквешката област односно Неготинското општинско територијално подрачје. Нив ги дели планинската теснина на реката Вардар формирана од краиштата на Кожуф планина. Валандово се наоѓа на 170 метри надморска височина и претставува една од најниските котлини во Македонија. Градот е оддалечен 23 километри југозападно од Струмица, 25,5 километри североисточно од Гевгелија и 18 километри северно од Нов Дојран.

Историја Античка историја На просторот на денешно Валандово во античко време постоела римска населба, за што сведочат откриените римски мозаици и други археолошки материјали во разните делови на градот. На подрачјето на Општина Валандово биле откриени четириесет археолошки наоѓалишта, меѓу кои позначаен е античкиот град Исарот, кај селото Марвинци, кој се идентификува со древниот град Идомена чие потекло било од крајот на 5 век п.н.е. и се наоѓал на патот Солун - Белград. Градот доживеал процут во римско време, но во почетокот на 6 век бил разурнат од силен земјотрес.

По исчезнувањето на античкиот град Исарот, во значајна стратешка населба во Валандовската котлина прераснало Валандово. Одделни изворни материјали и преданија говорат дека античкиот град врз чии темели лежи денешно Валандово, во раниот византиски период бил споменуван со името „Мал Цариград“.

Средновековна историја Словените се населиле во Валандово и во неговата околина кон крајот на 6 век или во почетокот на 7 век. Тогаш биле забележани големи промени, како во однос на структурата на населението, така и во менувањето на топонимите на населените места. Во писмените извори градот првпат се споменува во 10 век со името Валандер. Но, тоа не значи дека Валандово како населба не постоело и пред тоа. Потврда се археолошките наоди во градот. Името „Валандер“ било добиено од „убавата местоположба на градот во долината“. Убава долина или добра долина, на старословенски јазик значело „валјан дол“ („валандол“ односно Валандово) . Инаку убавата валандовска долина ги имала и епитетите: „златна долина“, „зелена долина“ и сл.

Средновековно Валандово било споменувано и со името Алавандово, во значење на „цветен град“ („град на цвеќето“). Под ова име градот бил споменат во една црковна повелба на српскиот цар Душан од 1349 година.Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 139. Од зборот „Алавандово“, со отпаѓање на првата буква „а“ и преку метатеза на првите слогови, било добиено името Валандово.мини|Валандово во почетокот на XX век

Османлиски период Во втората половина на 17 век, градот го посетил и познатиот турски патописец Евлија Челебија. Во неговите белешки за Валандово, меѓу другото запишал: „В'ландова, е мало гратче, населено повеќето со христијани и само мал број муслимани. Населбата го носи името на неговиот основач Валандова, кој го подигнал манастирот „Свети Ѓорѓи.“ Гратчето има 150 куќи, со 900 жители, а чаршијата е составена од 50 дуќани. Во него има и една месџита (мала џамија без минаре), амам, два ана, а не се сеќавам дали имаше мектеба, медреса и теќиња... Опкружено е со лозја и бавчи... Има и убав манастир со калуѓери. Не сум видел поуреден манастир од него.“Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр. 14

Современа историја алт=Споменик од НОБ во Валандово|мини|438x438пкс|Споменик од НОБ во ВаландовоВаландово во својата многувековна историја имало многу падови и подеми. Градот повеќепати настрадал од природни катаклизми (земјотреси, пожари, поплави, епидемии и сл.) како и од воени дејствија на туѓите освојувачи на овој простор. Во историјата на градот Валандово мошне е значаен 19 век, кога благодарение на погодната местоположба достигнал голем развој. Според кажувањата, тогаш во градот била развиена трговијата. Се извезувало: добиток, кожи, пастрма, масло, волна, свила, калинки, грозје и други земјоделско-сточарски производи, и тоа претежно во Солун.

алт=Центарот во Валандово|лево|мини|Центарот во Валандово

Во 19 век Валандово било многу важно транзитно-сообраќајно место. Во патните правци север-југ секојдневно се движеле трговци и кираџии, со карвани и запрежни коли, натоварени со трговска стока. Ова многу придонело во Валандово да живне стопанската активност, да се развијат трговијата и занаетчиството.

Тогашното село било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, Валандово било дел од Дојранската Каза и имало 1.195 жители, од кои 820 Македонци, 285 Турци и 90 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162.

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, Валандово било мешано македонско и турско село со 300 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, гратчето имало 1.350 Македонци.

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 4.402 жители и спаѓал во групата на мали градови.

Етнички гледано, населението е составено од:

Националност Вкупно Македонци 4.279 Турци 26 Роми 13 Албанци 0 Власи 1 Срби 58 Бошњаци 1 Други 24 Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици:

Јазик ВкупноУдел (%) македонски 4.303 97,8 турски 17 0,4 ромски 12 0,3 влашки 1 0,02 српски 53 1,2други160,4

Вероисповед

Во Валандово се застапени следните религиски групи:

Вероисповед ВкупноУдел (%) православни 4.064 92,3 муслимани 33 0,7 католици 9 0,2други2966,7

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Валандово:

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — — — 1.992 1953 2.087 1 20 26 3 22 — 19 — 2.178 1961 2.097 1 20 — — 50 — 33 — 2.201 1971 2.659 7 9 0 — 74 — 30 — 2.779 1981 3.611 28 13 9 0 87 — 50 — 3.798 1991 4.257 0 22 15 0 83 — 65 — 4.442 1994 4.234 1 24 18 0 62 — 18 — 4.357 2002 4.279 0 26 13 1 58 1 24 — 4.402 2021 3.393 1 47 16 0 47 1 36 130 3.671

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Стопанство мини|лево|Оранжерии во Валандово Главна стопанска гранка на населението е земјоделството особено одгледување на житни култури, винова лоза, бостан, градинарски култури (пиперки, домати), тутун и др. Во градот постојат и два индустриски капацитети од прехранбената (фабриката за кондиторски производи „9 Ноември“) и текстилната индустрија, а работат и повеќе доста успешни приватни фирми од областа на винарството, цигарите и тутунопроизводството, кои имаат поволни услови за развој поради близината на Валандово до грчката граница.

Култура

Фолк Фест Валандово

Фестивалот Фолк Фест Валандово за првпат бил одржан во 1985 година. Денеска, овој фестивал е еден од најпознатите фестивали на Балканот, на кој учествуваат фолк-пејачи од Македонија и Балканот.

Опшествени институции мини|200п|десно|Црквата „Св. Димитриј“ мини|200п|десно|Внатрешноста на црквата „Св. Ѓорѓи“ Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Зелениште - некропола од раноантичко време; Стакина Чешма - населба од рисмко време; Исар Кале - градиште од доцноантичко време и среден век; Манастириште - некропола од доцноантичко време;

Цркви Црква „Св. Димитриј“ - гробјанска црква; Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - главната градска црква во изградба. Камен темелник осветен на 15 мај 2015 година;Освет на камен темелник за нова црква, Валандово Црква „Св. Ѓорѓи“ - манастирска црква;

Образование СУ „Гоце Делчев“ ОУ „Јосип Броз Тито“

Спорт

Личности Личности родени во Валандово: Санда Божинова (26 јули 1901 — ) — учесник во НОВ на Македонија Јанко Узунов - Узун (15 февруари 1951 - Берово, 24 август 2014) — македонски фолк и поп пејач. Ѓорге Иванов (2 мај 1960) - Претседател на Република Македонија. Нано Ружин (Скопје, 31 јули 1952) - кандидат за Претседател на РМ, поранешен амбасадор на РМ во НАТО, поранешен пратеник во Собранието на РМ. Петар Гошев (5 септември 1948, Пирава, Валандовско) - поранешен гувернер на Народната банка на Република Македонија, поранешен пратеник во Собранието на РМ. Душко Гошевски (11 септември 1983) - писател од Валандово, претставник на новата генерација блог-писатели. Костадин Танчев - графичар и ликовен уметник, поранешен претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Збратимени градови Сиврихисар, Турција

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на општината Валандово

Категорија:Градови во Македонија Категорија:Општина Валандово