Други значења: Парана (фрека)

Парана () — држава во Бразил, се наоѓа во Јужениот регион од земјата, се граничи со Парагвај и Аргентина. Наречена е по големата река Парана која тече низ беа.

Историја thumb|left|150px|Водопади Игуасу. Парана била прво заселена од трагачи на злато од Саун Пауло и била дел од капетанијата и провинцијата Саун Пауло.

Првите Језуитски мисии во Парана биле над Водопадите Гуара, Нината принципална мисија е позната под името (град) Сиудад Реал.

Територијата е отделена од Саун Пауло во 1853-та. Педро II од Бразил така го казнил Саун Пауло заради обидот за одделување од централната власт во 1842-ра.

Европски емигранти почнале да доаѓаат после 1850-тите, главно Германци, Италијанци, Пољаци и Украинци.

Демографија thumb|right|Куритуба.

thumb|right|Полска архитектура во Куритуба. Според БИГС од 2007-ма, државата има 10,410,000 жители. Густината на населеност е 52.1 ж./км2.

Урбанизација: 84.5% (2006); Прираст: 1.4% (1991-2000); Домаќинства: 3,177,000 (2006).Извор: БИГС.

национална структура: 7,620,000 Белци (73.1%), 2,394,000 Пардо (23.0%), 270,000 Црнци (2.6%), 124,000 Азијати или Домородци (1.2%).

Луѓе со Полско потекло доминираат во централните и јужните региони, во главно околу Куритуба. Италијанците доминираат во престолнината, и покрај брегот. Луѓе со Украинско доминираат во неколку градови, како Прудентополис; Бразилски Германци доминираат во неколку градовиs, како Рондонија. Португалци и нивни потомци има во сите градови.Imigrantes: Outras Etnias

Поголеми градови: Куритуба Лондрина Маринга Фоз до Игуасу Понта Гроса Каскавел Гуарапуава Паранагуа

Стопанство Секторот за услуги зазема најголем дел од БДП со 41.6%, следен од индустрискиот сектор со 40%. Земјоделито зазема 18.4% од БДП (2004). Парана извезува: соја 34.2%, возила 21.4%, дрва 10%, замрзнато месо 8.2%, други земјоделски производи 8.8% (2002).

Удел во Бразилската економија: 5.9% (2005).

БДП по глава на жител во 2005 изнесувал R$12,339, или US$5,400, 8-ма во Бразил и компарабилна со Турција.* .

Тривијалност Возила: 3,808,298 (март/2007); Мобилни: 5,9 милиони (април/2007); Телефони: 2,7 милиони (април/2007); Градови: 399 (2007).Source: БИГС.

Образование thumb|right|Сојуен универзитет на Парана. thumb|right|UFPR во Куритуба. Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем. Образовни институции Универзитетски центар во Куритуба (UNICURITIBA); Универзитетски центар „Франциско до Парана“ (UNIFAE); Технички универзитет (FATEC); Државен универзитет Лондрина (UEL); Државен универзитет Маринга (UEM); Државен универзитет Центар-Запад (UNICENTRO); Државен универзитет Северна Парана (UENP)); Државен универзитет Западна Парана (Unioeste) Државен Универзитет Понта Гроса (UEPG); Слјузен универзитет на Парана (UFPR); Сојузен технички универзитет на Парана (UTFPR); и други.

IИнфраструктура thumb|right|Меѓународниот аеродром Алфонсо Пена во Куритуба (агломерација).

Интернационални Аеродроми Куритуба Меѓународниот аеродром Алфонсо Пена е главен аеродром во Куритуба. Сместен е близу до Сао Жозе дос Пињаис и сите комерцијални летови се оперираат од овој аеродром. Интегриран е во транспортниот систем на Куритуба, со градски автобуси сврзувајки го аеродромот со градот.

Автопати BR-116, BR-153, BR-158, BR-163, BR-272, BR-277, BR-280, BR-369, BR-373, BR-376, BR-467, BR-469, BR-476, BR-487.

Социјала Парана има еден од највисоките стандарди во Бразил, со релативно мал криминал, доста внимание е обратено на образованието и здравјето и на Индексот на Човековиот Развој ~0.820, 5-ти во Бразил.

Спорт

Куритуба овозможува на посетителите и жителите разновидни спортски активности. Во куритуба има доста фудбалски клубови, како: Coritiba Foot Ball Club (Фудбалски клуб Куритуба); Clube Atlético Paranaense (Парањски атлетски клуб) Paraná Clube

Стадиони

Clube Atlético Paranaense: Куосера Арена Coritiba Foot Ball Club: Стадион Куто Пареира Paraná Clube: Стадион Вила КАпанема

Албум

Наводи

Поврзано

Знаме на Парана Бразил Официјална страница Бразилски туристички портал Хотелски водич

Категорија:Сојузни држави во Бразил

Категорија:Јужен Регион (Бразил)