thumb|Акваторијата на Јапонското Море thumb|Карта на Јапонското Море Јапонско Море () — рабно море што се наоѓа помеѓу азискиот брег и јапонските острови. Поврзано е со Охотското Море преку мореузите Татарски и Лаперуз, со Источнокинеското Море е поврзано преку Корејскиот Проток, а со Тихиот Океан преку - Сангарскиот проток.
Во Кореја морето се нарекува „Источно Море“ поради проблемот што го имаат двете Кореи со поимот Јапонско Море.
Има површина од 1,062 млн. км2. Најголемата длабочина му е 3.742 м. Во зимските месеци му замрзнува северниот дел.
Главните пристаништа се: Владивосток, Находка, Ванино, Советскаја Гавањ, Александровск-Сахалински, Холмск, Ниигата, Цуруга, Мајѕуру, Вонсан, Хиннам, Чхонџин.
Во XVIII век Европејците морето го нарекувале Татарско, бидејќи сметале дека таму живеат Татари.
Поврзано Внатрешно Јапонско Море — море меѓу островите Хоншу, Шикоку и Кјушу
Надворешни врски
Статиjа „Јапонско Море“
Категорија:Мориња во Азија Категорија:Мориња во Јапонија Категорија:Мориња во Русија Категорија:Географија на Сахалинската област Категорија:Географија на Приморскиот крај