200px|мини Д-р Елена Етингер Каваева (Ченстохова, - Струга, ) била една од основоположничките на македонската здравствена заштита на охридско-струшкиот крај, активен учесник во октомвриската револуција во Русија, личен пријател на Владимир Илич Ленин и помагач на НОВ во Македонија.

Родена е во градот Ченстохова, денешна Полска, во 1893 година, во семејството на фабрикантот Јузеф и Регина Етингер. Учела во Берн, а потоа од 1910 година во Берлин, каде што запишала студии по медицина, а кон крајот на 1913 ја одбранува и докторската дисертација. Потоа заминува во Санкт Петербург да полага државен испит. Почетокот на Првата светска војна ја затекнува во Берлин,„Д-р Елена Етингер Каваева“ од каде на 15 јануари 1915 година заминува за Русија.Елена Етингер - Каваева „Средби со Ленин“ во „Македонци во октомвриската револуција“, Радио-телевизија Скопје, 1968. Откако две недели бара работа, живеејќи само на топла вода и сув леб, наоѓа работа по струката како лекар во 169-та Воена болница. Таму се запознава со Владимир Каваев, кој подоцна и станува сопруг.

Зема учество во уличните демонстрации во Петроград кога избувнува октомвриската револуција и до 1920 година е во Русија, работејќи на страната на револуционерната власт.

Јас не учев и не дојдов тука за да печалам, ами да лекувам болни ... да бидам од полза за народот...!

Нејзината активност во Македонија Во Македонија доаѓа заедно со својот сопруг во 1923 година.„Стружанец главен лекар во октомвриската револуција“ , „Глобус“ Му припаѓала на напредното движење. Во 1941 година заеднос со ќерка и Регина била прогонувана од бугарскиот окупатор, но со залагање на охридското граѓанство не била упатена во концентрационен логор. Во текот на НОД во нејзиниот дом се одржувале состаноци, а во својата приватна ординација и по илеrалнпте станови лекувала ранети и болни борци на НОВ. Во борбите за ослободувањето на Охрид (10.Х.1944) укажувала помош на ранетите борци и ги пренела во болницата во што и помогнала ќерката Регина и успеала од уништувањето на Германците да го зачува целиот операциоиен инвентар.

Придонес и одликувања Каваева е основоположник на педијатријата во Македонија, а во 1947 година станува шеф на првиот детски диспанзер во Охрид.Стојан Ковачески, Марјан Димитријевски „Д-р Владимир и Д-р Елена Каваеви“, Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, Струга, 2010, 89 стр.

Во 1968 година е одликувана со советски Орден за воени заслуги.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 657 стр.

Наводи

Надворешни врски

Видео интервју со Елена Каваева - биографија

Категорија:Македонски лекари Категорија:Октомвриска револуција Категорија:Полјаци