Титанобоа ( = „титански удав“) — род змии од семејството удави, кои живееле пред околу 60 до 58 милиони години, во периодот палеоцен. Единствениот познат вид од овој род е серехонската титанобоа (Titanoboa cerrejonensis), која претставува најголемата досега откриена змија. Споредувајќи ги големината и обликот на фосилизираните пршлени на оваа прастара змија со пршлените на денешните змии. Била долга од 12 до 15 метри, а тежела над еден тон (~1.135 кг).
Фосилите на 28 единки се пронајдени во 2009 во јагленокопот Серехон во северна Колумбија. Пред ова откритие, во топските предели на Јужна Америка биле пронајдени само мал број на фосилизирани ’рбетници од палеоценот.
Змијата била откриена во експедиција на група меѓународни научници преводена од Џонатан Блох, специјалист по ’рбетничка палеонтологија при Универзитетот на Флорида, и Карлос Хатамиљо, палеоботаничар од Смитсоновиот тропски истражувачи институт во Панама.
Поврзано Leptotyphlops carlae — најмалата змија на светот Python reticulatus — најдолгата змија на светот Eunectes murinus — веројатно најтешката змија на светот
Наводи
Надворешни врски Откриени фосили на најголемата змија во светот - долга 14 метри - Сител
Категорија:Удави Категорија:Влекачи од палеоценот Категорија:Фосилни видови откриени во 2009 година