Коце Трајановски ( во Скопје) — македонски политичар и поранешен градоначалник на Град Скопје и на скопската Општина Гази Баба. Тој е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Животопис Коце Трајановски е роден 14 август 1956 година во Скопје. Дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје, 1980 година. Во периодот 1981–1996 работи во МЗТ – Хепос како раководител на компјутерскиот центар. Во периодот 1996–1998 ја основа и води сопствената фирма за компјутерски софтвер за интегрирани информативни системи.
Во 1998 година, Трајановски бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија како кандидат на мнозинската список на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица број 65. Во 2002 година, тој повторно бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија во изборната единица број 2, на пропорционалната список на ВМРО ДПМНЕ.Дискусиите за децентрализацијата нема да се лимитираат Во текот на пратеничкиот мандат бил координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.
На локалните избори во 2005 бил избран за градоначалник на општина Гази Баба. На локалните избори во 2009 Трајановски станал градоначалник на Град Скопје.Коце Трајановски, новиот Градоначалник на Град Скопје На локалните избори во 2017 година бил наследен на функцијата градоначалник од страна на Петре Шилегов.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Градоначалници на Град Скопје Категорија:Градоначалници на Општина Гази Баба Категорија:Апсолвенти на Машинскиот факултет - Скопје