За истоимениот полуостров, видете Коромандел (полуостров).
Коромандел (англ. Coromandel) — град и пристаниште на западната страна на полуостровот Коромандел, кој се наоѓа на источното крајбрежје на Северниот Остров на Нов Зеланд. Обете се наоѓаат 75 км источно од градот Окленд, но патот кој ги поврзува е со многу свијоци, долж крајбрежјата на заливите Темски Ферт и Хаураки, е впрочем 190 км во должина.
Градот го носи името на полуостровот, кој пак е именуван по бродот „Коромандел“, кој за првпат впловил во пристаништето во 1820 г. Едно време ова било стопански важно пристаниште за локалните индустрии копање на злато и сечење на каури дрво. Денес најзастапените стопански гранки во градот се туризмот и одгледувањето на мушули.
Пристаништето Коромандел е широк залив во рамките н Хаураки кого го штитат неколку острови, од кои најголем е Фангануи.
Градот и околината е популарно одморалиште за Новозеланѓаните. Во Коромандел живеат и доста уметници и мајстори-ракотворци. Во 2006 г. населението броело 1476 жители.
Образование Коромандел има едно државно комбинирано училиште (основно и средно), и едно приватно основно училиште за нижи паралелки. Обете се за мешани полови.
Наводи
Категорија:Темс-Коромандел Категорија:Заливи во Нов Зеланд Категорија:Градови во Нов Зеланд