thumb|260px|Двојазичен натпис од индискиот император Ашока од 3 в. п.н.е.

Арамејската азбука често се нарекува и како абџад, односно согласна азбука која се користела за пишување на арамејски јазик. Таа настанала од феникиската азбука и се одделила потполно од 8 век п.н.е. Како и останатите абџадски азбуки, сите букви се согласки од кои некои означуваат долги самогласки.

Арамејската азбука е историски значајна бидејќи сите денешни блискоисточни писма се наследници од ова писмо, како и некои алтајски јазици во Централна и Источна Азија. Тоа е поради широката зборуваност на јазикот како лингва франка и како службен јазик на Новоасирското, Вавилонското и Периското Царство. Светите книги на јудаизмот и исламот, како и некои христијански и будистички текстови биле напишани на писма што биле поврзани со арамејското писмо.

Историја

Најраните натписи на арамејски јазик биле со феникиска азбука. Подоцна таа варијанта на писмо прераснала во посебно писмо приложено подолу. Постепено арамејскиот станал лингва франка на Средниот Исток и ги заменил постоечките јазици во империите во тој регион. Постепено и хебрејскиот јазик го прифатил ова писмо, а пред тоа тој јазик користел азбука слична на феникиската.

Азбука

Име на букваФорма на букваЕквивалент на хебрејскиЕквивалент на сирискиЗвучна вредностАлафПодатотека:Aleph.svgאܐ; , БетПодатотека:Beth.svgבܒ/b/, /v/ГамалПодатотека:igimel.pngגܓДалатПодатотека:Daleth.svgדܕ/d/, /ð/ХеПодатотека:He0.svgהܗ/h/ВавПодатотека:Waw.svgוܘ/w/; , ЗаинПодатотека:Zayin.svgזܙ/z/ХетПодатотека:Heth.svgחܚ/ħ/ТетПодатотека:Teth.svgטܛ ЈудПодатотека:Yod.svgיܝ/j/; , КафПодатотека:Kaph.svg כ ךܟܟ/k/, /x/ЛамадПодатотека:Lamed.svgלܠ/l/МимПодатотека:Mem.svg מ םܡܡ/m/НунПодатотека:Nun.svg נ ןܢܢ ܢ/n/СемкатПодатотека:Samekh.svgסܣ/s/ЕПодатотека:Ayin.svgעܥПеПодатотека:Pe0.svg פ ףܦ/p/, /f/СадеПодатотека:Sade 1.svg, Податотека:Sade 2.svg צ ץܨКопПодатотека:Qoph.svgקܩРешПодатотека:Resh.svgרܪШинПодатотека:Shin.svgשܫТауПодатотека:Taw.svgתܬ/t/, /θ/

Наводи Daniels, Peter T., et al. eds. The World's Writing Systems Oxford. (1996) Coulmas, Florian. The Writing Systems of the World Blackwell Publishers Ltd, Oxford. (1989)

Надворешни врски

Споредба на арамејски со останатите сродни азбуки Omniglot за арамејски Предлог за кодирање на арамејски во уникод

Категорија:Арамејски јазици Категорија:Арамејско писмо