Флавиј Јулиј Констанс (лат.Flavius Iulius Constans),(ok.320- 350 год.) е византиски цар, најмалиот син на Константин Велики и Фауста. Во 333 година е прогласен за цезар, а при поделбата на империјата во 337 година е прогласен за управник на Италија, Северна Африка и Илирик. По победата над неговиот брат Константин II управува и со Галија, Британија и Шпанија, т.е. западниот дел на империјата. Во годините 341-2 води успешни борби со Франките, а во првите месеци на 343 е на посета на БританијаMichael DiMaio Jr. and Robert Frakes, Constans I (337-350 A.D.) , кога таа е нападната од Шкотите. Со текот на времето се покажал доволно мрзлив,а администрацијата била корумпирана и трошела неограничено пари. Во однос на религијата бил приврзаник на Никејското православие, ги забранил паганските жртвувања и ги прогонувал останатите христијански секти. Сето тоа го направило непожелен од народот и војската. Така во 350 година војсководецот Магнетиј се побунил, а Констанс побегнал кон ШпанијаVictor, 41:21:23, но по патот бил фатен и убиен крај гратчето Хелена, денешна Јужна Франција.
Извори DiMaio, Michael, "Constans I (337-350 A.D.)" Наводи
Категорија:Родени во 320 година Категорија:Родени во 350 година Категорија:Константинова династија Категорија:Римски цареви од 4 век Категорија:Конзули на Римското Царство Категорија:Христијани од 4 век Категорија:Починати во 350 година