Ендр и Лоара () — департман во западниот дел на средна Франција, именуван по реките Ендр и Лоара.
Историја Ендр и Лоара е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција, на 4 март 1790. Бил создаден од поранешната провинција Турен.
Главен град на департманот е Тур, кој бил и образовен центар во средниот век.
Географија
Ендр и Лоара му припаѓа на денешниот регон Центар-Долина на Лоара, и го обиколуваат департманите Лоар и Шер, Ендр, Виен, Мен и Лоара и Сарт.
Туризам
Во Ендр и Лоара има многубројни извонредни замоци кои се отворени за јавноста. Тие се познати под збирно име „Замоци на Лоара“. Меѓу нив спаѓаат:
Амбоаз Азе-ле-Ридо Бурдесиер Валенсе Виландри Лоше Плеси-ле-Тур Риво Тур Шанонсо Шинон thumb|right|300px|Карта на Ендр и Лоара
Поврзано Кантони во Ендр и Лоара Општини во Ендр и Лоара Окрузи во Еднр и Лоара
Надворешни врски Страни ца на префектурата Страница на генералниот совет
Категорија:Департмани во Центар-Долина на Лоара Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година