Лионел Андрес Меси (, ; роден на ) — аргентински фудбалер што настапува за екипата за Интер Мајами и репрезентацијата на Аргентина. Тој се смета за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација, а често и за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, со неколку номинации за „Златна топка“ и за признанието на ФИФА за фудбалер на годината до својата 21. година, а веќе на возраст од 22 години ги освоил овие две награди. Неговиот стил и вештина потсетуваат на оние на Диего Марадона, кој и самиот го прогласил Меси за свој „наследник“.

Клупска кариера Меси почнал да игра фудбал на рана возраст и неговиот потенцијал бил набргу забележан од „Барселона“. Во 2000 година, тој го напуштил клубот „Њуелс Олд Бојс“ од родниот град Росарио и заминал со своето семејство во Европа, бидејќи „Барселона“ му понудила лекување на неговиот здравствен проблем (недостаток на хормонот за раст).

Настапи за „Барселона“ Кога дебитирал,истата година Барселона ја освоила шпанската лига, а во 2006 покрај лигата, ја освоила и Лигата на шампионите. Најмногу се пробил во сезоната 2006/07, станувајќи редовен играч во првиот тим, постигнувајќи хет-трик на Ел Класико со тоа завршувајќи ја лигата со 14 постигнати голови во 26 натпревари од лигата.

Своето неофицијално деби во првиот тим на „Барселона“ Меси го направил на натпреварот против „Порто“, во ноември 2003 година (на 16-годишна возраст). Една година подоцна, октомври 2004 година, тој дебитирал на првиот официјален натпревар (против „Еспањол“) и станал третиот најмлад играч на сите времиња кои настапиле за „Барселона“, како и најмлад играч во „Ла лига“ (рекордот го срушил неговиот порaнешен клупски колега Бојан Кркиќ во септември 2007 година). Истата година, тој станал најмладиот играч во историјата на „Ла лига“ кој постигнал гол.

Сезона 2005-2006 Во септември, вторпат во три месеци, „Барселона“ го обновила договорот со Меси. Тој истовремено стекнал шпанско државјанство, конечно стекнувајќи право да дебитира во шпанската прва лига. Во оваа сезона, Меси одиграл 17 натпревари и постигнал 6 голови, но сезоната ја завршил пред време, во март 2006 година, поради кинење на тетивата на десната нога во натпреварот против „Челси“ во Лигата на шампионите.

Сезона 2006-2007 thumb|220px|right|Меси во натпреварот против Ренџерс во 2007 Меси се зацврстил како играч во првата екипа на „Барселона“ со својата одлична игра против „Челси“ и против „Реал Мадрид“. Во ноември 2006 година, во натпреварот против „Реал Сарагоса“, Меси повторно се повредил и не играл три месеци. По враќањето од Аргентина, Франк Рајкард, внимателно го рехабилитирал и постепено го зголемувал времето на игра, од натпревар во натпревар. Набргу, Меси се вратил во форма постигнувајќи хет-трик. Кон крајот на сезоната, тој покажувал сè подобри резултати, така што 11 од своите 14 голови во „Ла лига“ ги постигнал во последните 13 натпревари.

thumb|left|220px|Меси кратко пред постигнување на гол против Хетафе Набргу, Меси бил сметан за новиот Марадона. Еден од неговите голови бил сличен на оној на Марадона против Англија на Светскиот Куп на ФИФА во Мексико во 1986 година, познат како гол на столетието. Светските спортски медиуми го нарекле Месидона. Тој го истрчал истото растојание (62 м), поминал ист број на играчи (6), вклучувајќи го и голманот, шутирал од речиси иста позиција и истрчал кон корнерот, исто како што направил Марадона во Мексико во 1986 година.

Сезона 2007-2008 Во текот на оваа сезона, Меси дал пет голови за една недела, донесувајќи ја Барселона меѓу првите четири тимови во Лигата. Двата голови што ги постигнал против Севиља, на 22 септември, му ги посветил на Роналдињо кој тој период бил повреден. На 19 септември, тој постигнал еден гол кога Барселона го победила Олимпик Лион со резултат 3–0 во натпревар од Лигата на шампионите. Меси постигнал уште два гола за победа на Барселона со резултат 4–1 против Реал Сарагоса. На 27 февруари, Меси го одиграл својот 100-ти меч за Барселона во натпреварот против Валенсија. Потоа, Меси бил надвор од игра шест недели поради повреда на левата нога, здобиена за време на мечот против Селтик во Лигата на шампиони.

Истата година, Меси бил номиниран за специјалната награда на ФИФА ПРО за најдобар напаѓач. истовремено, во една анкета, шпанскиот весник „Марка“ го прогласил Меси за најдобар играч на светот, со освоени 77% од гласовите, при што тој бил споредуван со Франц Бекенбауер и Јохан Кроjф.

Сезона 2008-2009 150п|thumb|лево|Меси на натпревар против Депортиво ла Коруња200px|thumb|right|Лионел Меси против Манчестер јунајтед во Финалето на Лигата на шампионите во 2009 година По заминувањето на Роналдињо од клубот, Меси го наследил неговиот дрес со број 10. Во октомври 2008 година, за време на мечот против Шахтјор од Донецк, Меси постигнал два гола во последните седум минути, влегувајќи како замена за Тјери Анри, и од резултат 0:1 во корист на Шахтјор во победа од 2:1 за Барселона. Потоа, Меси одиграл уште еден импресивен натпревар против Севиља. Во декември 2008 година, Меси го постигнал вториот гол во мечот против Реал Мадрид кој завршил со резултат 2:0. Истовремено, со освоени 678 бода, тој бил прогласен за втор најдобар фудбалер на светот за 2008 година, според изборот на ФИФА. Својот прв хет-трик во 2009 година, Меси го постигнал против Атлетико Мадрид, додека вториот од двата гола во мечот против Расинг Сантандер бил 5000-от гол за Барселона постигнат во шпанската лига. Подоцна, во 28-то коло на лигата, Меси го постигнал својот 30-ти гол во сезоната, обезбедувајќи победа од 6:0 во мечот против Малага. Во април 2009 година, Меси постигнал два гола против Баерн од Минхен во Лигата на шампиони.

Сезона 2009-2010

Сезона 2010-2011 Во текот на календарската 2010 година, Меси постигнал вкупно 58 гола во дресот на „Барселона“, со што ја започнал својата прва календарска година во која постигнувал над 50 гола во сите натпревари одиграни за „Барселона“.www.dailymail.co.uk, „Lionel Messi breaks Gerd Muller's record to become all-time goalscorer in Europe's top five leagues with 526th Barcelona strike... and more incredible statistics behind the Argentine's 2017“, 23.12.2017 (пристапено на 5.1.2018)

Сезона 2011-2012 Во сезоната 2011/2012, Меси повторно се истакнал со добро прикажаните партии, иако со својот клуб не успеал да го освои ниту шпанското првенство, ниту пак Лигата на шампионите, каде што во полуфиналето Барселона била елиминирана од Челси. Сепак, во оваа сезона, на одиграни 11 натпревари, Меси постигнал 14 голови во Лигата на шампионите, со што го израмнил рекордот за најдобар стрелец во една сезона, поставен од страна на Жозе Алтафини во сезоната 1962/1963. Две сезони подоцна, Кристијано Роналдо го соборил овој рекорд."Роналдо се израмни со Меси и со Алтафини", Дневник, година XVIII, број 5433, петок, 4 април 2014, стр. 29."Роналдо го надмина Меси", Дневник, година XVIII, број 5454, петок, 2 мај 2014, стр. 25. Исто така, Меси успеал да постигне неверојатен рекорд, постигнувајќи дури 50 голови во шпанската лига, оставајќи го зад себе лутиот соперник од Реал Мадрид - Кристијано Роналдо, кој постигнал 46 голови. Притоа, ако се смета само календарската 2011 година, Меси постигнал вкупно 55 гола во дресот на „Барселона“. За ова остварување, во октомври 2012 година, Меси по вторпат ја добил „Златната копачка“, која се доделува за најдобриот стрелец во Европа. Инаку, претходно Меси ја освоил истата награда пред две сезони.„Меси ја доби и втората Златна копачка“, Дневник, година XVI, број 5001, вторник, 30 октомври 2012, стр. 25. На крајот од сезоната, во сите официјални натпревари за „Барселона“, Меси постигнал неверојатни 73 гола, што било апсолутен рекорд во шпанскиот фудбал.„Суарез во налет да соборува рекорди“, Дневник, година XX, број 5991 среда, 17 февруари 2016, стр. 22.

Сезона 2012-2013 Притоа, во текот на календарската 2012 година, Меси постигнал вкупно 79 гола во дресот на „Барселона“. Во декември 2012 година, тој постигнал уште еден рекорд: на натпреварот против „Реал Бетис“, најпрвин го изедначил, а потоа и го соборил дотогашниот рекорд на Герд Милер за најмногу постигнати голови во една календарска година. На тој начин, со постигнатите 86 голови, тој станал најдобриот стрелец во текот на една календарска година во историјата на фудбалот.„Lionel Messi breaks Gerd Muller's record for most goals in a calendar year with brace for Barcelona at Real Betis“, The Telegraph, 9.12.2012 (пристапено на 5.1.2018)

Сезона 2013-2014 На 6 ноември 2013 година, во натпреварот против Милан, Меси го прекинал едномесечниот голгетерски пост. Имено, во четвртото коло од групата Х од Лигата на шампионите, кој се одиграл во Барселона, Меси постигнал два гола (првиот од пенал), со што стигнал до вкупно 65 голови во Лигата на шампионите."Арсенал не остана должен во Дортмунд", Дневник, година XVII, број 5310, петок, 8 ноември 2013, стр. 27. Подоцна, на 18 февруари 2014 година, во натпреварот против Манчестер сити, одигран во Манчестер во рамките на осминафиналето на Лигата на шампионите, Меси стигнал до вкупно 66 голови во ова натпреварување, зацврстувајќи се на второто место на вечниот список на најдобрите стрелци, загрозувајќи го Раул, кој постигнал вкупно 71 гол.„Роналдо жеден за голови, Касилјас совладан по 951 минута“, Дневник, година XVIII, број 5403, петок, 28 февруари 2014, стр. 22. На реванш-натпреварот против Манчестер сити, одигран во Барселона, на 12 март 2014 година, Меси го постигнал и 67-от гол во Лигата на шампионите и со тоа станал играч со најмногу постигнати голови за еден клуб во историјата на ова натпреварување, престигнувајќи го Раул, кој постигнал 66 голови за Реал Мадрид.„Барселона е на вистинскиот колосек“, Дневник, година XVIII, број 5415, петок,14 март 2014, стр. 25.

Сезона 2014-2015 На 5 ноември 2014 година, во четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, на натпреварот против „Ајакс“, одигран во Амстердам, Меси ги постигнал двата гола за својот тим, со што го изедначил рекордот на Раул од 71 гол во Лигата на шампионите.„Енрике: Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња“, Дневник, година XVIII, број 5611, петок, 7 ноември 2014, стр. 27. На 25 ноември, во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, на натпреварот против АПОЕЛ, Меси постигнал хет-трик и така, со постигнати вкупно 74 гола, го престигнал Раул на списокот на најдобрите стрелци во Лигата.„Симеоне: Не знаев дали Манџукиќ ќе почне, а тој ми врати со хет-трик“, Дневник, број 5629, година XVIII, петок, 28 ноември 2014, стр. 27. Во последното коло од групната фаза, на 10 декември 2014 година, на домашен терен, „Барселона“ го победила „ПСЖ“ со 3:1, а Меси го постигнал 75. гол во Лигата на шампионите.„Насри: Сити може да победува и без Агуеро и Туре“, Дневник, година XVIII, број 5640, петок, 12 декември 2014, стр. 27.

Како потврда за добрите игри, на крајот од 2014 година, Меси бил номиниран меѓу тројцата кандидати за наградата „Златна топка“ која ја доделуваат ФИФА и „Франс фудбал“ за најдобар фудбалер на светот.„Ноер: Не сум бренд како Роналдо и Меси“, Дневник, број 5652, година XVIII, петок, 26 декември 2014, стр. 27 Притоа, во текот на календарската 2014 година, Меси постигнал вкупно 50 гол во дресот на „Барселона“. На крајот на 2014 година, Меси го соборил рекордот на поранешниот играч на „Атлетик Билбао“, Телмо Зара, и станал најдобар стрелец во историјата на „Примера дивизион“, постигнувајќи 267 голови.