Тестостеронот — машки полов хормон што ги дава повеќето машки полови одлики. Се синтетизира во семениците. Лачењето на тестостеронот започнува во текот на феталниот и ембрионалниот период, при што лачењето се поврзува со поместувањето на тестисите од стомачната празнина во мошниците. Во пубертетот, лачењето се зголемува, додека околу 40-сеттата година од животот значително се намалува, но тој сепак продолжува да се лачи до крајот на животот. Неговото излачување е под контрола на гонадотропните хормони од хипофизата.

Во просек, возрасен маж синтетизира околу четириесет до шеесет пати повеќе тестостерон од возрасна жена, но жените се, од бихевиорална гледна точка, почувствителни на овој хормон.

Тестостеронот е зачуван во текот на еволуцијата кај повеќето ’рбетници, иако рибите поседуваат малку поинаква форма која се нарекува 11-кетотестостерон.

Биосинтеза thumb|left|600px|Синтеза на стероидите во човековиот организам. Тестостеронот е прикажан на дното на сликата

Литература

Надворешни врски NIST entry for Testosterone NIST results of search for Testosterone (Shows androstenone.) "Calls for testosterone trials in CHD "

Категорија:Сексуалност Категорија:Полови хормони Категорија:Андростани Категорија:Естрогени Категорија:Невроендокринологија Категорија:Енони Категорија:Деривати на алкените