Ричмондскиот мост () — своден мост од културно-историско значење долж познатиот пат B31 наречен „Пат на осудениците“ (Convict Trail) во Ричмонд, 25 km северно од Хобарт во Тасманија, Австралија. Ова е најстариот мост во Австралија кој сè уште се користи.

Историја

Темелот на Ричмондскиот мост е удрен на 11 декември 1823 и изградбата траела сè до 1825 година, сето време користејќи робијашка работна сила. Мостот првобитно го носел името „Бигиев мост“ (Bigge's Bridge), именуван по кралскиот комесар Џон Биги, кој ја воочил потребата од мост во 1820 г.

Во 2005 година мостот бил прогласен за место од извонредно историско значење и бил прогласен за културно наследство на Австралија.

Изградба

Ричмондскиот мост е изграден од песочник одломен од ридот Бучерс Хил, па пренесуван од робијашите со рачни колички. Тој се состои од четири главни свода, секој со распон од 4,3, 8,1, 8,3, 8,5, 8.3 и 4.1 метри, кои се издигаат над нагибени носачи со заострени триаголни краеви порамнети со течението на реката.

Галерија

Надворешни врски Страница „Откријте ја Тасманија“ , Пристапено во мај месец 2006. Тасмански заедници на семрежјето Ричмондскиот мост на страница на Австралиското национално богатство, пристапено на 9 јули 2008. Влада на Австралија - Министерство за животна околина и национално богатство - Историскиот Ричмондски мост — бисер на националното богатство , Издание за печат, 2005.

Категорија:Мостови во Австралија Категорија:Згради и градби во Тасманија