Свињарство или свињогојство — сточарска гранка која се занимава со одгледување на свињи. Таа во однос на другите сточарски гранки отсекогаш имала голема улога во обезбедувањето на населението со храна за подмирување на енергетските и белковинските потреби на човекот за нормално функционирање на неговиот организам извршување на физичките и умствените напори.
Свињата како животно Свињата има бројни компаративни предности во однос на другите животни, како во однос на квалитетот и економичноста на производството, така и во однос на можноста за целосно индустријализирање на производната технологија. Во една година од една маторица се добиваат по две или повеќе легла со 20 и повеќе живородени прасиња. Прасињата се одликуваат со висок дневен прираст, мала потрошувачка на храна и веќе на четири месечна возраст ја постигнуваат потребна жива маса за колење. Благодарение на високата репродуктивна способност, годишно од една свиња може да се обезбеди производство на месо од околу 1,6 тони. Свинското, во однос на другите видови на месо, има и одредени биолошки предности. Поради високата содржина на масти, во однос на говедското и овчото, свинското месо има поголема енергетска вредност (71,5%) и овчото (72,5%). Поради значајните квалитативни особини на свинското месо, не само во денешно време, туку и во иднина свињарството е и ќе биде мошне важна сточарска гранка за кланичната и меснопреработувачката индустрија, бидејќи гоените свињи се доминантна суровина во работата на месната индустрија. Нашите поволни климатски и други услови ни одат на рака, не само да произведуваме свинско месо за задоволување на домашните потреби, туку и за извоз. Свинското месо во свежа или преработена состојба е еден од најбараните производи на странскиот пазар. Производството на свинското месо има големо значење во поголем број земји во светот, како гранки во сточарското производство, така и во вкупниот обем на производство на месо. Во светот во последните години се произведува околу 185 милиони тони или околу 35%, така и потрошувачката на свинско месо во светот по човек е најголема од сите видови на месо. Така, на пример, во Европа, потрошувачката на свинското месо по човек во Данска изнесува околу 64 килограми, а во другите земји вон Европа, во Канада се со околу 40 килограми на човек. И ова производство се смета за многу, рентабилна гранка на сточарското производство во светот и нашата земја. Производството на свињи во нашата земја е организирано во приватен сектор. Во последниве години, приватниот сектор е во поголема тенденција на порасти. Спрема ова, во наредниот период фармерот ќе биде основен носител на производство и одгледување на свињи. Според тоа, и во иднина развојот на свињарството ќе има поголема перспектива во регионите каде што има и најголеми можности за производство на зрнеста храна, бидејќи концентрираната храна во гоењето на свињи е основна суровина.
Избор на раса за одгледувачка цел
После втората светска војна, во нашата земја масовно се одгледуваа свињи на екстензивен начин во поглед на количината и квалитетот на месото и плодноста, односно број на опрасени маторици по легло. Во главно, тогаш доминирале домашните раси, додека оплеменетите бели раси во вкупното производство биле во многу мал број. Но, со напредок на свињарството, во Р Македонија со добра организација и стручна работа расната состојба на свињи се промени така во последните децении голема важност заземаат големите културни раси на свињи (во главно расата Ландрас).
Одгледувачко-селекциската работа треба да се одвива во правец на: Расни измени на популацијата на свињи во корист на оплеменетите раси и нивните мелези; Користење и примена на нова технологија на одгледување, тестирање и селектирање. Зголемување на вкупното производство на квалитетни свињи за колење. Создавање линии; Нормирана и избалансирана исхрана, здравствена заштита, репродукција и селекција; Организирање најмалку 2,2 легла годишно по маторица; Смалување на смртноста на прасињата. Одгледувачко-селекциската работа и производството на приплоден материјал треба да бидат основни задачи на одгледувачите и сите фармери. Према ова, и потребите на пазарите, посебна значајност за унапредување на свињарството во наредниот период треба да се одгледа во: а) формирање на групи за производство чисторасни раси и правење на елитни групи (нуклеуси). б) групи преку кои ќе се шири, умножуваат елитни грла за поставување генетски напредок (репродуктивни групи). Од вака организираната одгледувачко-селекциска работа во свињарството треба да се очекуваат поголеми производни резултати. Према оваа основна одгледувачка цел за подобрено производство на свињи треба да биде што поголем: број на опрасени и одгледани маторици по легло, зголемување на дневниот прираст во гоење, подобрено претворање на храна за килограм прираст, зголемен процент на месо и зголемено годишно производство на месо. Технологија на одгледување свињи
Во современото свињарство, проблемот за сметување на свињите е едно од покрупните прашања. За разлика од порано, кога свињите поголем дел од животот го минувале во дворовите, или пасиштата, денес тие се сметуваат во посебно изградени свињарници. Според техничките и технолошките решенија, денешните свињарници претставуваат објекти со максимална синхронизирана функција. Ваквите објекти на свињите им обезбедуваат оптимални животни услови, не само во однос на просторните сметувања, туку и по однос на амбиентални услови. Индустриската технологија, во производството на свинско месо при градбата на свињарниците бара вклучување и висока техничка опременост, висока продуктивност на трудот, заштита на здравјето на човекот и на свињите и економично производство. Според тоа, секој свињарник таксуван како современ објект мора да ги исполнува следните услови: - свињарникот треба да обезбедува таков амбиент што ќе се одразува поволно врз здравјето и продуктивноста на свињите, па и човекот; - со техничко - технолошката опременост, свињарникот да осигура висок степен на функционалност; - свињарникот да е евтино изграден, односно со помали инвестициони вложувања.
Во современото индустриско свињарство, каде свињите целиот свој живот го минуваат во свињарникот, амбиенталните услови се многу важен фактор во сместувањето. Врз поволноста на амбиентот на свињарството, значајно влијание има температурата на воздухот, влажноста на воздухот, осветленоста и вентилацијата на свињарникот.
Услови за сместување на свињи
Ѕидови – треба да бидат дебели 33 cm, исто треба и добра изолација. Кровот – треба да е од дрво, а за покривач се користат цреп или евентуално плоча од салонит. Под – има два вида на подови кои се градат на лежиштето и во ходници. Под на лежиште мора да биде сув, исушен, топол, отпорен и да не се лизга. А, подот во ходниците мора да биде отпорен, да не се лизга и лесно да се чисти. Површината на под во блок за крмаци и прасиња треба да е 5,5-6m2, а за свињи за тов до 120 кг. тежина, подот да е 1 m2. Падот на подот треба да изнесува 34%, а сливањето 1 – 2 %. Лежиште – Лежиштето да е суво и топло, што е важно за прасињата кога цицаат. Да се обезбеди тоа на подот се става простирачи од слама, струготини и сл. Важно е простирката да не е влажна и лесно да се менува. Прозорци и врати – Прозорците и вратите се поставуваат под таванот и се отвораат од внатрешната страна, се градат во правоаголник во висина од 60 – 80 cm, а должина од 100–150 cm. Треба да се изградат 1m2 прозори на 15m2 во прасилиштето, а во товалиштето 1m2 на 20-22m2 под и да имаат дупло стакло. Да имаат тесарски врати од борови даски со дебелина од 2,5 cm и да се отвораат на надвор. За одржување на поволни услови на температурата и влажноста на воздухот во објектите, битно е проветрување коешто е дел од одржување на условите. При тоа е потребно да се обезбеди природно проветрување преку посебно изградени вентилациони канали, кои се вградуваат во таванот и покривот. Боксови – бројот и големината на боксовите зависи од капацитетот на фармата и бројот а грлата во нив. Кај помалите објекти се градат едноредни боксови со ходници за хранење, со ширина од 1,10 m. Бројот на грла може да биде од 10-20. Оградата на боксот да е даски или метални цевки, во висина од 1-1,1m.
Температура на воздухот
Свињата како хомеотермно домашно животно без оглед на температурата во фармата или надвор од неа, имаат способност својата телесна температура да ја одржува во константна висина. Оваа способност на свињата е позната како терморегулација, меѓутоа во однос на другите домашни животни е послабо развиена. Поголемите температурни амплитуди имаат негативен одраз врз здравјето на свињите и нивното производство. При ниски температури (од сите категории) прасињата имаат најмала отпорност, тоа доаѓа од таму што тие имаат релативно поголема телесна површина во однос на тежината, отколку во случајот кај постарите и потешките свињи. Потоа, поткожната сланина кај потешките свињи е подебела и ги штити во услови на ниска температура. Покрај ниските, исто така и високите температури имаат негативни последици врз здравјето и производноста на свињите. Затоа, во одделни објекти во фармата, температурните услови треба да бидат програмирани во зависно од категоријата на свињите и технолошката фаза на одгледување. Оптималните температури на воздухот за одредени категории и во одделни објекти во фармата се: Маторици – 15-20 °С Нерези – 15-16 °С Гојни прасиња – 12-16 °С Дојни прасиња – 30-35 °С Загревањето во прасилиштето, односно во вклештениот бокс каде што престојуваат прасињата се врши со грејни тела кои зрачат топлина. Исто така, загревањето во објектот може да се постигне преку фрлање на загреан воздух (со калорифери).
Влажност на воздухот
Со физиолошка активност на свињите (дишење) секојдневната манипулација со вода, односно миење на боксовите и испарување на водата при одржувањето на хигиената и слично. Сето тоа, предизвикува зголемување на влажноста на воздухот во објектите од фармата. Врз зголемувањето на влажноста на воздухот, значајни влијанија имаат и самите свињи. Во зависност од живата маса, зависи и излачувањето на водена пареа односно, врз зголемувањето на релативната влажност на воздухот. Така, полесните свињи имаат поголем интензитет на излачување на водена пареа од потешките, што е обратнопропорционално на живата маса, сè до постигнувањето на тежината од 50 кг. Покрај живата маса и температурата на воздухот во самата фарма има значајно влијание врз интензитетот на излачената количина на водена пареа. Со зголемување на температурата на фармата, се зголемува и количината на излачена влага, а со тоа и влажноста на воздухот. Свињите кои се наоѓаат во фарма со висока температура, имаат зголемен интензитет на дишење. Во една минута, бројот на вдишување се зголемува од 90 на 113 пати. Високата влажност на воздухот во фармата неповолно се манифестира врз здравјето на помладите свињи, особено кога високата влажност на воздухот ја следи ниска температура. Поради настојувањето за одржување на телесната температура, во нормални граници, кај свињите се одигруваат поинтензивни процеси и трошење на енергија. Не само високата, туку и ниската релативна влажност на воздухот во одделни објекти на фармата има негативно влијание врз здравјето и производноста на свињите. Според физиолошките потреби на свињите, влажноста во одделни објекти на фармата треба да се движи во границите од 65-75%, во никој случај не би требало да биде пониска од 55% бидејќи секое отстапување од границите ќе влијае неповолно врз здравјето и продуктивноста на свињите.
Вентилација во современа фарма
Потребата од вентилација во одделени објекти во фармата е неминовност, бидејќи воздухот е изложен на постојано загадување. Под вентилација се подразбира замена на загадениот воздух со свеж и чист. Со ваква замена на воздухот, истовремено од фармата се отстрануваат и штетните гасови. Со воздушната замена, воедно се врши и промена на температурата и релативната влажност на објектите до фармата.