Железничка станица „Лутица Стојан“ — железничка станица во Македонија, која се наоѓа во близина на селото Теово. Станицата се наоѓа на трасата на кракот D од паневропскиот коридор 10.
Зградата на железничката станица е изградена од цврст материјал на еден кат. Железничката станица се наоѓа надвор од селото, покрај патот кој води до самото село.
Железничката станица повеќе не работи, ниту повеќе се користи како станица, туку по иницијатива на селаните, создадено е ново железничко стојалиште во близина на Теовскиот манастир, веднаш над селото.
Низ железничката станица поминувале регионалните домашни возови на линијата Скопје-Битола.
Возен ред
Наводи
Лутица Стојан Категорија:Теово