Portishead (транскрипција: Портисхед) ― англиска трип-хоп група, основана во 1991 година во Бристол. Групата е составена од: Бет Гибонс (пејачка), Џеф Бароу (повеќе инструменти, продукција) и Ејдријан Јутли (гитара). Дејв Мекдоналд, аудио аранжер кој помогнал во продукцијата на нивните први два албума, понекогаш се смета за четврти член. Именуван е според град оддалечен 13 километри западно од Бристол.

Нивниот прв албум Dummy бил издаден во 1994 година и забележал огромен успех во САД и Европа. Албумот во 1995 година ја освоил музичката награда Меркур,Mercury Music Prize Winners BBC. а истата година групата била номинирана за „Најдобар британски дебитант“ на Британските музички награди. Албумот бил рангиран на 419-то место на списокот од 500 најдобри албуми на сите времиња објавен од списанието Ролинг Стоун. Албумот често се смета за еден од најдобрите трип-хоп албуми досега и е пресвртница во дефинирањето на жанрот. Нивните два други студиски албуми, Portishead (1997) и Third (2008), исто така биле пофалени од критиката. Портисхед го објавиле и албумот во живо Roseland NYC Live (1998) и албумот Third (2008).

Историја

Дискографија Студиски албуми Dummy – 1994 Portishead – 1997 Third – 2008

Концертни албуми Roseland NYC Live – 1998

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Portishead - неофицијално мрежно место

Категорија:Алтернативни музички група Категорија:Англиски музички групи Категорија:Англиски електронски музички групи Категорија:Англиски алтернативни рок-групи Категорија:Трип-хоп групи Категорија:Англиски експериментални рок-групи Категорија:Музички групи основани во 1991 година Категорија:Музички групи од Бристол Категорија:Музички групи со женски вокал