мини|287x287px|Сахароза, дисахарид формиран со кондензација на молекула на гликоза и молекула на фруктоза Дисахарид (или биоза) е олигосахарид, односно јаглехидрат изграден од две моносахаридни единици. Најважните дисахариди се состојат од две хексози и нивната заедничка формула е C12H22O11, молекулската тежина им е 342, 2, а процентниот состав на одделните хемиски елементи е: C - 42, 08%, H - 6, 48%, O - 51, 44%.
Се разликуваат два типа на дисахариди:
Тип малтоза Тип трехалоза.
Номенклатура
Имињата на дисахаридите се образуваат така што името на моносахаридот, чијшто полуацетален хидроксил влегува во соединение, добива наставка "ид", а моносахаридот кој се сврзал со алкохолен хидроксил останува со непроменето име, на пример, малтозата е гликозидо - гликоза, а лактозата галактозидо - гликоза.
Некои дисахариди се наоѓаат слободни во природата (сахароза, лактоза, трехалоза), а други ги изградуваат полисахаридите (скроб, целулоза) или се составен дел на некој гликозид.
Општопознати дисахариди Дисахарид Единица 1 Единица 2 Врска Сахароза (кујнски шеќер, трскин шеќер, репкин шеќер) Гликоза Фруктоза α(1→2)β Лактулоза Галактоза Фруктоза β(1→4) Лактоза (млечен шеќер) Галактоза Гликоза β(1→4) Малтоза Гликоза Гликоза α(1→4) Трехалоза Гликоза Гликоза α(1→1)α Целобиоза Гликоза Гликоза β(1→4) Хитобиоза Гликозамин Гликозамин β(1→4)
Наводи