Кукуш (, ) — град во Егејска Македонија, седиште на Општина Кукуш и Кукушкиот Округ, денес во областа Централна Македонија во Грција. Според податоците од пописот, во 2011 година во градот живееле 22.914 луѓе, во општинската единица биле евидентирани 28.745 луѓе и 51.926 во општината.
Етимологија
Кукуш се наоѓа во регион кој во минатото бил мултиетнички и бил познат по неколку различни имиња. Името на градот во времето на Византија било Каликон додека кај Грците бил познат како Калкис или Килкис. Во еден црковен кодекс од 1732 година името на градот се споменува како Килкиси (Κηλκήση).Doumpia, Historical documents На јазиците на Јужните Словени, името на градот е познато како Кукуш,[Article in Greek: Georgios Echedoros, Published in newspaper "Machitis tou Kilkis / Μαχητής του Κιλκίς", (Kilkis Fighter), Kilkis 8 January 1996] додека од страна на Турците, градот е познат како Килкиш.
Географија
Кукуш се наоѓа 35 километри северно од Солун. Тој е расположен на една ридеста месност, која на североисток се слева со Круша Планина (Карадаг) и е сред една од најбогатите рамнини во Македонија. Го опфаќа пространството во југозападниот правец на Долновардарската Низина, во подножјето на ридот Свети Ѓорѓи, наречена по светецот-заштитник на Кукуш.
Историја Антички период
Археолошките податоци кои биле пронајдени во близина на градот датираат уште од бронзеното и железното време, вклучувајќи антички гробници од 2 милениум пред нашата ера. Во класичната антика, поширокиот регион на Кукуш бил управуван од страна на Кралство Македонија. Во тоа време, Кукуш се наоѓал во центарот на регионот наречен Крестонија. Кога Филип II Македонски ја посетил Крестонија, месните жители му понудиле маслинки од Крестонската долина, нешто што тој никогаш не го имал вкусено претходно.["N.G.L. Hammond, A History of Macedonia I" (1972)] Во тоа време многу градови започнале да се развиваат во регионот, како во регионот, како што биле Идомени, Аталанти (Бојмица во денешно време), Гортинија (Горгопик во денешно време), Планиница, Терпилос итн.
Римско-византиски период
Во 148 п.н.е., Римјаните ја освоиле областа каде денеска се наоѓа Кукуш. Во доцната антика регионот бил цел на напади и инвазии на различни племиња како што биле Готите, Хуните, Аварите и Словените, а некои од нив постепено се населиле на Балканскиот Полуостров.
Во средниот век, Кукуш често бил освојуван од страна на Византија, Бугарија и Македонија во времето на цар Самуил. Во времето кога бил освоен, дел од жителите на Кукуш го напуштиле регионот и заминале во Калабрија, во јужниот дел на Италија, каде го основале селото Галицијано. За време на владеењето на Палеолозите, во регионот биле завршени голем број на важни инфраструктурни работи.
Отомански период thumb|десно|250п|Опожарениот Кукуш во 1912 година thumb|десно|250п|Кукуш thumb|десно|250п thumb|десно|250п|Британски војници кај Кукуш thumb|десно|250п|Археолошки музеј
Периодот на просперитет завршил во 1430 година, кога Солун и целиот регион на Македонија бил освоен од страна на Османлиите.
Градот бил основан како вакафско село, меѓутоа постепено ја менувал својата народносна структура и станал типична македонска средина, во која се создале услови за развој на македонската просвета и култура. Кон крајот на 19 и почетокот на XX век, Кукуш бил дел од Солунскиот вилает во рамките на Отоманското Царство.
Во првата половина на XVIII век Кукуш било евидентирано како село.Хилендарската кондика от XVIII век. Претставена от Божидар Райков, София 1998, с. 41, 43 (записи в кондика на Хилендарския манастир от 1741 г.). Населбата која тогаш била чифлик, настрадала за време на Грчкото востание од 1821 година, според податоците од ферманот од август 1828 година.
Кон крајот на 19 почетокот на XX век Кукуш бил голем речиси чист македонски град. Градот одиграл голема улога во текот на македонското преродбеничко движење во средината на XIX век. Поради својата пробуденост Кукуш бил наречен политичко гнездо,Христо Андонов - Полјански, Гоце Делчев и неговото време, Култура, Скопје, 1978. а градот бил овековенчен во песната Т'га за југ од Константин Миладинов.Димитар Димески, Гоце Делчев, Битола, 1990 Културно-политичката атмосферата која била создадена во родното место на Гоце Делчев, благотворно повлијаела врз изградувањето на идниот организатор на македонското национално-ослободително движење.
Во 1840 година во градот започнал да предава Димитар Миладинов на грчки јазик, но наскоро бил протеран од црковните власти, се закана да биде заточен. На негово место дошол Андроник Јосифчев. Во 1857 година Миладинов се вратил да предава во Кукуш заедно со Рајко Жинзифов, во бугарското училиште. Владиката Мелетиј Византиски на ова се побунил, но без успех. Во следниот период жителите на градот побарале и свој владика, на кое се спротивставила Цариграската патријаршија. Поради постојаните конфликти во грчките верски водачи, излезот за македонската национална самобитност бил побаран преку обид за унијаРадев, Симеон. Македония и Българското възраждане, Том I и II, Издателство „Захарий Стоянов“, Фондация ВМРО, София, 2013, стр. 116. со Римокатоличката црква.Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003.
Во исполнување на условот за запирање на унијатското движење во Кукуш, на 29 октомври 1859 година Партенија Зографски бил ракоположен за епископ во Дојран, по кое пеењето во црквата било црковнословенски јазик. Ова назначување било дочекано со восхит од страна на македонското црковно движење, како и од Кукушките Македонци. Партениј застанал на чело на македонската црковна борба. Тој започнал со обиколување на епархијата, ја проширил употребата на црковнословенскиот јазик во богослужбата во црквите и помагнал за отворање на училишта. Постепено владиката ја изгубил поддршката од населението и тој бил принуден да ја напушти епархијата и да се врати во Цариград во 1867 година. Во 1867 година постот повторно бил заземен од Мелетиј, кој бил познат противник на македонското движење.
Во почетокот на 1874 година шест општини (Солунска, Дојранска, Воденска, Кукушка, Струмичка и Малашевска) застанале против Егзархијата. Три од нив (Солунска, Воденска и Кукушка) побарале од Егзархијата да биде формирана нова самостојна епархија со центар Кукуш, а епископот Нил Изворов да стане нејзин митрополит. По добиениот отказ од страна на Егзархијата, општините се обратиле кон англискиот конзул за да бидат примени во Англиканската црква на чело со својот епископ. По одбивањето на Англичаните тие се обратиле кон епископот Рафаел Попов, глава на Бугарската унијатска црква, кој одговорил позитивно на нивното прашање за можно пристапување кон Рим.
Унијатите во градот, на чело со владиката Епифаниј Шанов, ги држеле двете големи цркви „Свети Ѓорѓи“ и „Света Богородица“, а за православните останала малата „Свети Атанасиј“. Во рацете на унијата поминало и училишното здание кое ги принудило на православните да го окупираат епископскиот дом на избрканиот во 1879 година владика Мелетиј и таму било префрлено егзархиското училиште до изградба на новата училишна зграда. Во бугарското основно училиште учеле Гоце Вангелов, Гоце Делииванов и Гоне Ковачев. Во класното училиште Христо Бучков предавал турски и француски, поп Атанас од Охрид историја и географија, Туше Делииванов македонски народен јазик, Христо Тенчев аритметика, Петар Мавродиев природна историја.Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 40.
Во времето на т.н. борба за Македонија во Кукушк бил формиран Кукушки револуционерен реон, кој спаѓал под Солунскиот револуционерен округ на МРО. Од друга страна во реонот делувале и грчките андартски чети на чело со Георгиос Самарас, Јоанис Доиранлис и Петрос Кукидис. Голема поддршка за грчките сили дало семејството Чацијапостулу кое имало голема фарма во Јанешево, и која служела за нивно засолниште.[In Greek: "Christos Intos: Centres of Organization, Action and Resistance of the Greeks of Kilkis Prefecture during the Macedonian Struggle" Proceedings of Conclave "100 Years after Pavlos Melas' Death", Company of Macedonian Studies, Thessaloniki 2004]
Балкански војни
Кон 1912 година во Кукуш имало мешано трикласно училиште, три главни мешани училишта и две забавишта. Главен учител бил Никола Хрлев, а освен него во градот предавале А. Георгиев, М. Стаматов, Ст. Хаџиев, М. Зенгилеков, Н. Попова, В. Тенчева, С. Гркова, Б. Чичеклиев, А. Чокаранова, Елена Кавракирова, Марија Измирлиева и Е. Тодорова. Во селата околу градот учеле уште Велика Чопова, Вера Сакова, Елена Атанасова и Марија Зографова.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 37 Во градот во 1912 година по иницијатива на државјанството и со помош на општината е отворена бугарска болница со главен лекар Константин Станишев. Во февруари 1913 година во Кукушко околијата, под негово раководство започнала вакцинација против вариола. Во Кукуш во тоа време имало и католичка болница под водство на отец Иван, под раководство на игуменот на локалниот манастир Густав Миштел.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 50
Градот Кукуш бил заземен на 23 октомври 1912 година од Македонско-одринските доброволни чети, предводени од Гоце Междуречки и Тодор Александров. Во градот била организирана локална власт која го разоружила турското население и собирало 1400 пушки.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр.110 Во градот била воспоставена бугарска воено-административна управа на чело со Тодор Александров.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 125
Во текот на Втората балканска војна, Кукуш бил опожарен од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Во текот на пожарот биле изгорени 1.846 куќи, 612 дуќани и 6 водениции.Македонски мартиролог, съставител Цочо Билярски, Анико, София, 2005, стр.162. Во областа биле разурнати и опожарени манастирот „Свети Ѓорѓи“ и 40 други села.
Грција
По крајот на Балканските војни, Кукуш бил вклучен во составот на Грција. По протерување на македонското население, новиот Кукуш бил изграден во близина железничката пруга која води кон Солун, околу црквата „Св. Ѓорѓи“. На ова место се доселиле погрчени Македонци, во најголем дел од Струмица. Овде тие ја изградиле црквата посветена на Петнаесетте тивериополски маченици, именувана по истоимената црква која се наоѓа во Струмица.
Во средината на 1920-тите години, по крајот на Грчко-турската војна и поразот на Грција, во градот се населиле грчки бегалци од Мала Азија според договорот од Лозана, додека муслиманското население заминало од регионот кон Турција. Ова населување довело до зголемување на бројот на населението.
За време на окупацијата на Грција од страна на Оската во Втората светска војна, Кукуш бил вклучен во Бугарската окупациона зона, која се проширила и на префектурите на Кукуш и Халкидик, откако нацистите го дозволиле тоа. Во текот на војната во регионот постојано доаѓало до судири помеѓу Грчката народно-слободителна армија и Тагмата асфалиас.
Демографија
Според отоманскиот попис од 1530 година, во Кукуш имало 195 христијански домаќинства.Harun Yeni, Demography and Settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region According to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri Dated 1530, Supervisor: Prof. Halil İnalcık, Bilkent University, Department of History, Σεπτέμβριος 2006, σελ. 96
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кукуш е наведен како град со 1170 семејства, 155 муслимани, 40 Роми и 5325 Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161. Според Ванчо Ѓорѓиев, во последната деценија на XIX век, градот имал 12.000 жители, односно 2.000 македонски куќи и 200 турски.