Јустиниjана Каневчева Герџикова, попозната како Јанка Каневчева (11 јуни 1878 - 3 март 1920) — македонска револуционерка, учесничка во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 139

Животопис

Родена во Охрид во 1878 година. Каневчева влегува во Организацијата и учествува во револуционерната женска група МРО/ТМОРО на учителката Славка Чакарова-Пушкарова од Струга, заедно со Љуба Ќупева од Велес и Амалија Примџанова, подоцна сопруга на Климент Шапкарев. Го потпомагала дејствувањето на ТМОРО, меѓудругото и со испраќање облека за четите, преписка и други потреби за Организаијата. Била блиска пријателка на Гоце Делчев и негова свршеница, но по неговата смрт се мажи за неговиот верен другар и долгогодишен соборец, Михаил Герџиков.Макдермот, Мерсия. „Свобода или смърт: Биография на Гоце Делчев“, Издателство „Наука и изкуство“, България, 1978

Поврзано

Ванѓа Каневче Глигор Каневче Аспарух Каневче Љубица Каневче

Наводи

Надворешни врски Блаже Миневски „За две нешта милеам - татковината и Јанка“ Виктор Цветаноски „Охриѓанката Јанка големата и единствена љубена на Гоце“ Блаже Миневски „Ексклузивно писмо на Јустинијана, Јанка Каневчева, тајната вереница на Гоце Делчев“

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Починати од туберкулоза Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски преселници во Пловдив Категорија:Родени во 1878 година Категорија:Починати во 1920 година