Куширо Хајаши (林忠四郎) (роден 25 јули 1920 - почина на 28 февруари 2010 во Кјото) беше јапонски астрофизичар. Хајаши патеката од Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм е наречена по него.
Има добиено „Едингтон медаља“ во 1970 година, „Кјото награда“ во 1995, и „Брус медаља“ во 2004 година.
Докторирал физика на Универзитетот во Токио во 1942 година. Работи како истражувач на универзитетот Осака. Направил измени во биг бенг нуклеосинтетичкиот модел. Негово најпознато дело се астрофизичките пресметки кои довеле до Хајаши патеката од ѕвездениот развој, како и Хајаши ограничувањето кое поставува ограничување на полупречникот на ѕвездите. Се занимавал и со проучување на кафеавите џуџиња, најмалите ѕвезди.
Хајаши се пензионирал во 1984 година. Почина на 28 февруари 2010 година во Кјото.
Наводи
Надворешни врски Страница на „Кјото наградите“ Страница на „Брус медаља“
Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Починати во 2010 година Категорија:Јапонски астрономи