мини|Графити алт=графити|мини|графити
Графити (еднина: graffito; множината е користена како небројна именка) — име за слики или букви изгребани, исчкртани, насликани или означени на кој било начин на некој имот. Тоа е уметничка форма во која што спаѓаат сите графички дела на нечија сопственост. Графитите потекнуваат уште од времето на Стара Грција и Римското Царство. Во денешно време, најчесто се користи боја како што се лименките со боја (спреј) и маркери. Во повеќето држави цртањето на графити на нечива сопственост, без дозвола од сопственикот, се смета за вандализам. Понекогаш графитите се користат за објавување на политички пораки. Сегашните графити, најчесто букви во три-димензионален облик со разни бои и потписи т.н тагови, потекнуваат од хип-хоп културата.
Потекло на поимот Графити и графито потекнуваат од италијанскиот збор graffiato („исчкртано“). „Графити“ се применуваат во историја на уметноста, за уметнички дела создадени со гребење на надворешна површина. Поврзан термин со овој е „graffito,“ кој вклучува гребење врз еден слој од пигменти за да се открие друг под него. Оваа техника најпрво била користена од грнчарите кои ги полирале своите предмети а потоа гребеле дизајн на нив. Во антички времиња графитите биле врежувани на ѕидовите со остар предмет, иако понекогаш биле користени и креда или јаглен. Грчкото γράφειν – graphein – со значење „пишува“ е од истиот корен.
Историја Поимот графити се однесува на натписи, слики, цртежи, итн. пронајдени на ѕидовите на древните гробници или руини, како на пример во Катакомбите во Рим или во Помпеја. Употребата на зборот се проширила и опфаќа какви било графики применети на површини на начин кој претставува вандализам. Единствениот познат извор на Сафаити јазикот, форма на праарапски, е од графитите; натписи изгребани на површината на камења и карпи главно во басалтската пустина во јужна Сирија, источен Јордан и северна Саудиска Арабија. Сафаити јазикот постоел од првиот век п.н.е. па сè до четвртиот век од новата ера. Првиот познат пример на модерен стил на графити е зачуван во древниот грчки град Ефесус (во денешна Турција). Локалните водичи велат дека тоа е лоша реклама за евтино продавање на талентот. Сместени во близина на мозаик и камена патека, графитите покажуваат ракопис кој бледо наликува на срце заедно со отпечаток од стапало и број. За ова се верувало дека означува дека во близина има јавна куќа, а рачно напишаното симболизирало плаќање. Римјаните ги врежувале графитите на ѕидови и споменици, примери од нив се зачувани исто така во Египет. Ерупцијата на Везув ги заштити графитите во Помпеја, кои вклучуваат латински клетви, магии, љубовни изјави, азбуки, политички слогани и познати литературни цитати кои овозможуваат да се продре во уличниот живот на античките Римјани. Еден натпис ја дава адресата на жена со име Новелија Примигенија од Нуцерија, проститутка, очигледно многу убава чии услуги биле многу барани. Друг покажува модел на машки полов орган придружен со текст „mansueta tene“ – „Ракувај внимателно“. Разочараната љубов исто така го нашла својот пат до ѕидовите во прастарите времиња: Quisquis amat. veniat. Veneri volo frangere costas fustibus et lumbos debilitare deae. Si potest illa mihi tenerum pertundere pectus quit ego non possim caput illae frangere fuste? Кој љуби, оди во пеколот. Сакам да и ги скршам ребрата на Венера со стап и да ги деформирам нејзините облини. Ако таа може да го скрши моето нежно срце, зошто јас да не можам да ја удрам по главата. -CIL IV, 1284 За сатиричниот Алексаменос графит се верува дека е најраниот познат приказ на Исус. Грешките во пишувањето и граматиката на овие графити овозможуваат продирање во степенот на писменост во римско време и нудат докази за изговорот на разговорниот латински јазик. Примери се CIL IV, 7838: Vettium Firmum / aed [ilem] quactiliar [ii] [sic] rog [ant]. Овде „qu“ се изговара како „co“. 83−те парчиња графити најдени во CILIV, 4706-85 се доказ за способноста за читање и пишување на нивоа во општеството каде што писменоста не била очекувана. Графитите се појавиле на перистил кој бил ремоделиран за време на ерупцијата на Везув, од страна на архитектот Кресенс. Графитите беа оставени и од надзорникот и од неговите работници. Борделот од CIL VII, 12, 18-20 содржи повеќе од 120 парчиња графити, некои од нив се дела на проститутките и нивните клиенти. Гладијаторската академија од CIL IV, 4397 била исчкртана со графити од гладијаторот Целадус Кресенс (Suspirium puellarum Celadus thraex: „Тракиецот Целадус прави девојките да воздивнуваат“. Друго дело од Помпеја, напишано на ѕид од крчма за сопственикот на објектот и за неговото сомнително вино: Господару, можат ли твоите злобни лаги да придонесат за твое уништување. Ти пиеш чисто вино а наместо тоа на своите гости им продаваш вода. Графитите не биле пишувани само од Грците и Римјаните: локацијата на Маите во Тикал, Гватемала исто така содржи антички примероци. Викингшки графити се зачувани во Рим и во Њугранџ Маунд во Ирска, а Варангијанец го врежал неговото име (Халвдан) со рунско писмо на ограда од скали во Света Софија, Цариград. Графити, познати како Тачеронс, често биле врежувани на ѕидовите на црквите од романски стил. Кога ренесансните уметници како Пинтуричио, Рафаел, Микеланџело, Џирладаио или Филипино Липи влегле во урнатините на Nero's Domus Aurea тие ги врежале или насликале своите имиња и се вратиле со гротески стил на декорација. Исто така има примери на графити најдени во американската историја, како што е Карпата со потписи, национална знаменитост долж патеката Орегон. Подоцна, француски војници ги врежале своите имиња на споменици за време на наполеоновата воена акција во Египет во 1790-тите. Името на лорд Бајрон е зачувано на еден од столбовите на Храмот на Посејдон на ’ртот Сунион во Атика, Грција. Видовите уметност како фрески и мурали (ѕидни слики) значат напуштање на сликите и пишување на површината на ѕидовите. Праисториските слики создадени од пештерските луѓе, не содржат графити, бидејќи уметниците најчесто ги правеле со јасна дозвола (и обично поддршка) од сопственикот или корисник на ѕидовите.
Модерни графити Графитите често се доживуваат како да се поврзани со хип-хоп културата а безбројните меѓународни стилови поттекнуваат од графитите во подземната железница во Њујорк(види долу). Меѓутоа, постојат многу други примери на значајни графити од овој век. Графитите одамна се појавиле на железнички товарни вагони. Оној со најдолга историја, кој датира дури од 1920-тите а постои и денес е Бозо Тексино. За време на Втората светска војна и неколку децении подоцна, фразата „Килрој беше овде“ (анг. Kilroy was here) заедно со илустрација беше распространета ширум светот, поради нејзината употреба од страна на американските војници и нејзината прочуеност во американската народна култура. Кратко по смртта на Чарли Паркер (наречен „гуштер“ или „птица“) околу Њујорк почнаа да се појавуваат графити со зборовите „Птицата живее“ (анг. Bird Lives). Во шеесеттите американскиот графит кој тврдеше дека „Јосариан живее!“ (анг. Yossarian lives!) кратко време беше популарен, референца на главната личност во романот на Џозеф Хелер „Безизлезна ситуација“ (анг. Catch−22). Студентските протести и генералниот штрајк од мај 1968 го украсија Париз со револуционерни, анархистички и ситуационистички слогани како L'ennui est contre-révolutionnaire („досадата е контрареволуционерна“) претставени во насликани графити, постери и шаблони. Во САД во тоа време други политички изрази (како што се „слобода за Хјуи“ (анг. Free Huey) за Црниот Пантер/Леопард Хјуи Њутн) за момент станаа популарни како графити во ограничени области, само за да бидат заборавени. Популарен графит од 1970-тите беше легендарниот „Dick Nixon Before He Dicks You,“ со кој се покажуваше непријателството на младите спрема тој американски претседател. Графитите за рокенрол се значаен подвид. Познат графит од 20 век беше натписот во подземната железница во Лондон „Клептон е Господ“ (анг. Clapton is God). Изразот беше насликан со прскање од страна на еден обожавател на ѕид на една станица во подземната железница во Ислингтон, есента 1967 година. Графитот беше овековечен во фотографија, на која едно куче мокри на ѕидот. Графитите исто така беа поврзувани со движењето против основањето на панк рокот кое започна во 1970-тите. Бендовите како Црно знаме и Крас (анг. Black Flag and Crass) (и нивните следбеници) ги испишаа нивните имиња и логоа, додека пак многу панк ноќни клубови, станови и врталишта се познати по нивните графити. Во доцните 1980-ти превртената чаша за мартини што беше ознака за панк бендот Мисинг Фаундејшн (анг. Missing Foundation) беше најраспространетиот графит во долен Менхетен и копиран од хардкор панк обожавателите ширум САД и Западна Германија.
Графитите како дел од хип-хопот Лименка со боја, честа алатка за модерните графити Во Америка во доцните 1960-ти графитите служеле како начин за изразување на политичките активисти, а исто така и на бандите како на пример Севиџ Скалс (Savage Skulls),Ла Фамилија (La Familia) и Севиџ Номадс (Savage Nomads) за да ја означуваат територијата. Кон крајот на 1960-тите потписите -ознаките- на пишувачите на графити од Филаделфија, Корнбред, Кул Ерл и Топкет 126 почнале да се појавуваат. Корнбред често е споменуван како еден од најраните пишувачи на модерни графити. Околу 1970-71 година, центарот на иновацијата на графитите беше преместен во Њујорк каде што пишувачите на графити одејќи по стапките на ТАКИ 183 и Трејси 168 го додаваа бројот од нивната улица на нивниот прекар, „бомбардираа“ некој воз со нивната работа, и и дозволуваа на подземната железница да го однесе-а нивната слава, ако е импресивна, или едноставно продорна, е доволна. Врежувањето на меурите на почетокот влијаеше на пишувачите од Бронкс, иако разработеното пишување на Трејси 168 наречено „див стил“ ја дефинираше уметноста. Во 70-тите на раните зачетници на новиот тренд им се придружиле уметници како Донди, Зефир и Лејди Пинк. Графитите се еден од четирите главни елементи на хип-хоп културата (заедно со рапувањето, диџејството и брејденсот). Врската меѓу графитите и хип-хоп културата произлегува од раните графитисти кои применувале други аспекти на хип-хоп, а ги применувале во области каде што други елементи од хип-хопот се развивале како видови уметност. До средината на 80-тите, овој вид ќе се премести од улицата во светот на уметноста. Жан-Мишел Баскије ќе ја напушти неговата САМО идентификација за уметничките галерии, а ќе се разнишаат дури и врските на уличната уметност со хип-хопот. Одвреме на време победничките хип-хоп песни за графитите сѐ уште можеле да бидат слушнати во 90-тите, меѓутоа, во песни како што се „Wrong Side of Da Tracks“ од Артифактс (анг. Artifacts) и „Lune TNS“ од Компани Флоу(анг. Company Flow).
Потекло Во периодот од 1969 до 1974 година се случи „пионерската епоха“. За ова време графитите претрпеа промена во стиловите и популарноста. Брзо по преселувањето од Филаделфија во Њујорк, градот го даде еден од првите графитисти кој го привлекуваше вниманието на медиумите во Њујорк, ТАКИ 183. Тој беше момче од Вашингтон Хајтс, Менхетен кој работеше како курир. Неговата ознака претставува мешавина од неговото име Деметриус (Деметраки), ТАКИ, и бројот на неговата улица, 183-та. Работејќи како курир, тој постојано бил во подземната железница и почнал да ги остава своите ознаки кај што се движел. Ова создаде напис во Њујорк Тајмс во 1971 насловен „ТАКИ 183 создаде другари допишувачи“. Хулио 204 исто така е признаен како ран пишувач, иако тогаш не бил признат надвор од графити супкултурата. Други значајни имиња од тоа време се: Стеј Хај 149, ФАЗА 2, Стич 1, Џо 182, Џуниор 161 и Cay 161. Барбара 62 и Ева 62 беа исто така важни рани графитистки во Њујорк, а се и првите жени кои станале познати по пишувањето на графити.
