Титулата Главен кралски сликар () на Кралот или Кралицата на Англија, а подоцна, Велика Британија, била доделена на ред уметници, од кои речиси сите биле портретисти. Тој играл различна улога од онаа на Сликар-сержант, а слична на улогата на претходната титула „Кралев сликар“. Други сликари, како на пример Николас Хилијард имале слична улога, но биле без титула, која за првпат му е доделена на дворскиот сликар Антонис ван Дајк во 1632 г.

Ова е делумна список на сликари (по хронолошки ред) кои биле назначени за Главен сликар на Кралот или Кралицата:

Родени XVI и XVII век Сер Антонис ван Дајк (1599–1641) (Фламанец) Главен сликар на кралот Чарлс I и неговата кралица (1632, редовна плата £200 годишно, плус за секоја слика) Сер Питер Лели (Холанѓанец, 1618-1680) Главен сликар на кралот Чарлс II (1661, исто така £200 годишно) Сер Годфри Нелер (Германец, 1646-1723) Главен сликар на Кралот (1680-1723) Вилијам Кент (1685-1748) Главен сликар на Кралот (1723-1748), главно украсувач на ентериери.

Родени XVIII век Џон Шеклтон (1714-1767) Главен сликар на кралот Џорџ II и потоа кралот Џорџ III Алан Ремзи (1713-1784) Главен сликар на Кралот (1761-1784) Сер Џошуа Рејнолдс (1723–1792) Главен сликар на Кралот Сер Томас Лоренс (1760–1830) Главен сликар на Кралот Сер Дејвид Вилки (1785–1841) Главен сликар на кралот Вилијам IV и потоа кралицата Викторија Сер Џорџ Хејтер (1792–1871) Главен сликар на кралицата Викторија 1841-1871

Родени XIX век Џејмс Сент (1820-1916) Главен сликар на кралицата Викторија 1871-1901

Автопортрети

Категорија:Британска монархија Категорија:Титули Категорија:Англиски сликари Категорија:Дворски сликари