Александар I Караѓорѓевиќ (српски: Александар I Карађорђевић) ( во , Кнежевство Црна Гора — во Марсеј, Франција), познат како Александар Караѓорѓевиќ, Крал Александар и Александар Обединителот бил крал на Кралството СХС од 1921 до 1929 година, а од 1929 до 9 октомври 1934 година, крал на Кралство Југославија.Глигоријевић, Бранислав (2002). Краљ Александар Карађорђевић у ратовима за национално ослобођење. Београд: Завод за уџбенике. ISBN 978-86-17-10088-7.
Младост Александар Караѓорѓевиќ е роден на 16 декември 1888 во Цетиње, Кнежевство Црна Гора како четврто дете (втор син) на Петар I Караѓорѓевиќ (син на кнезот Александар кој триесет години претходно бил приморан да абдицира и да ја предаде власта во Србија на династијата Обреновиќ) и кнегињата Зорка од Црна Гора (најстарата ќерка на тогашниот црногорски кнез Никола Петровиќ-Његош).
Александар имал две години кога неговата мајка, кнегињата Зорка починала во 1890 од компликации за време на пораѓањето со неговиот брат Андрија, кој исто така починал по 23 дена.
мини|250px|лево|Александар I (десно) се ракува со грчкиот крал Александар (лево) на Македонскиот фронт, 5 мај 1918 алт=Александар Караѓорѓевиќ како регент|мини|295x295пкс|Александар Караѓорѓевиќ како регент Александар го поминал своето детство во Црна Гора; сепак, во 1894 година неговиот татко вдовец ги зел трите деца, меѓу кои и Александар, во Женева, каде што тој го завршил основното образование. Заедно со својот постар брат Ѓорѓе, продолжил со школувањето во царскиот корпус во Санкт Петербург, Руската Империја. Во 1903 година, додека младиот Ѓорѓе и Александар сè уште се образувале, нивниот татко Петар, заедно со група заговорници, успеале да организираат државен удар во Кралството Србија, познат како Мајски преврат, во кој кралот Александар I Обреновиќ и кралицата Драга биле убиени. Така, династијата на Караѓорѓевиќ го презела српскиот престол по четириесет и пет години, а 58-годишниот татко на Александар станал крал Петар I, поради што Ѓорѓе и Александар се вратиле во Србија за да продолжат со нивните студии.
Атентат мини|лево|Филм за атентатот Убиен е во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО, на 9 октомври 1934 година.
Атентатот на кралот е еден од ретките атентати снимен на филм и е една од поважните снимки во историјата на филмот. Пукањето се случило точно пред објективот на снимателот којшто не успеал да го сними самото убиство, туку последиците од него и успеал да ги сними неколкуте минути после тоа, така што од само неколку сантиметри оддалеченост е снимено и мртвото тело на кралот.
Предци
Поврзано Марсејски атентат
Наводи
Категорија:Родени во 1888 година Категорија:Починати во 1934 година Категорија:Кралеви на Југославија Категорија:Српски монарси Категорија:Југословенски политичари Александар I Караѓорѓевиќ Категорија:Регенти Категорија:Православни христијани од Србија Категорија:Европски монарси од 20 век Категорија:Носители на Орденот на Свети Сава