О Дер или О д'Ер (француски: Eau d'Heure) е најважното вештачко езеро во Белгија. Браните му се изградени во текот на 1970-тите. Езерото се наоѓа недалеку од селото Серфонтен (50 км јужно од градот Шарлероа) и границата со Франција. Реката на езерото исто така се нарекува О Дер. На оваа акумулација има пет брани и една хидроелектрана.

Местото е популарна туристичка атракција, особено за водените спортови како риболовот, кајакарството, нуркањето и едрењето на даска.

Наводи Официјално мрежно место

Категорија:Езера во Белгија