Ова е преглед на настаните од 1900 година во филмот, вклучувајќи список на филмови и значајни луѓе кои биле родени или кои починале оваа година.
Настани
Ролос, Годо & Ко. го изумиле мирографот, аматерски формат од 21 mm. Премиера на Лимиерскиот широк формат од Браќата Лимиер на Светскиот саем од 1900 година. Тој бил 75 mm широк и го одржал рекордот за повеќе од 100 години како најширокиот формат кој постоел. Раул Гримон-Сансон исто така на Светскиот Саем од 1900 го дебитира неговиот мултипроектор Кругорама, кој користел десет проектори од 70 mm за да создаде симулирано летање во балон над Париз. Изложбата била затворена дури пред формално да се отвори поради легитимната загриженост за безбедноста и здравјето поради комбинирана топлината која проекторите ја емитувале. Гомон-Демени го објавуваат нивниот аматерски формат од 15 mm, Пакет Хроно. Објавување на првата филмска верзија на Хамлет, адаптација со француската глумица Сара Бернар како Хамлет и придружен сниман звук. Изработка на првиот филм за Шерлок Холмс, Збунетиот Шерлок Холмс, од страна на Американската мутоскопска и биографска компанија. Јованка Орлеанка станува првиот филм со значителна должина (10 минути) кој бил прикажан целосно во боја.
Значајни филмови објавени во 1900
мини|215x215пкс|Сцена од Јованка Орлеанка. мини|215x215пкс|Збунетиот Шерлок Холмс
Животот во армијата, документарен филм во режија на Роберт В. Пол за обуката на британските војници. Поголемиот дел денес е загубен. Тој беше еден од најстарите прото-играни филмови (20 кратки филмови во комбинација можеа да се сметаат за долгометражен игран филм. Првично тие биле подолги од еден час, а повеќе од два часа во комбинација со предавања и слајдови). Напад на Кина, во режија на Џејмс Вилијамсон. Како се гледа преку телескоп, во режија на Џорџ Алберт Смит. Може да биде прв пример за едитирање помеѓу средни и крупни снимки. Автомобилска парада, во режија на Вилијам Пали. Измамата на просјакот, во режија на Сесил Хепворт. Серпентински танц (Во лавски кафез), во режија на Алис Ги-Блаше. Волшебниот цртеж, во режија на Џ. Стјуарт Блектон. Експлозија на моторно возило, во режија на Сесил Хепворт. Одејќи во кревет под тешкотии, во режија на Жорж Мелјес; најверојатно го содржи првиот трик на "бесконечна облека". Стаклото за читање на баба, во режија на Џорџ Алберт Смит. Еден од најраните примери на едитирање помеѓу средни и крупни снимки. Како тој го пропушти својот воз, во режија на Жорж Мелјес. Чувството при трчање, во режија на Сесил Хепворт. Јованка Орлеанка, во режија на Жорж Мелјес. (Новиот) бакнеж, римејк од Едисон Студиос на нивниот популарен (и контроверзен) филм од 1896. Дамско здолниште на ограда, од Бамфорт & Ко. Дозволи ми повторно да сонувам, во режија на Џорџ Алберт Смит. Првиот обид на транзиција помеѓу 2 сцени. Le village de Namo - Panorama pris d'une chaise à porteurs, во режија на Габриел Вејр. Модерна дама од Орлеан, во режија на Макс Складановски. Бендот со еден човек, во режија на Жорж Мелјес. Една од најраните употреби на повеќекратни експозиции во филм (Во овој филм има 7). Репродукција на тепачката помеѓу Мекговерн и Диксон, во која глумат Тери Мекговерн и Џорџ Диксон. Грубо море, од Бамфорт & Ко. Збунетиот Шерлок Холмс, во режија на Артур Марвин. 20.000 вработени влегувајќи во Елсвик Вуркс, Њукасл-на-Тајн, од Мичел и Кенјон. Двајцата слепци, во режија на Жорж Мелјес. Solser en Hesse, во режија на М. Х. Ладе.
Родени МесецДенИмеПрофесијаГодина на смртЈануари2Вилијам Хејнсглумец1973Февруари16Винсент Колман1971Алберт Хакетсценарист199517Рут Клифордглумица199821Жин Обер198822Луис Буњелсценарист, режисер198326Жан Негулескорежисер1993Март3Една Бестглумица1974Април5Спенсер Трејсиглумец196710Аге Винтер-ЈоргенсенЈули10Евелин Лејглумица199627Чарлс Видоррежисер1959Август8Роберт Сиодмак1976Октомври9Аластер Симглумец10Хелен Хејзглумица199315Фриц ФелдглумецМервин Леројрежисер198717Џин Артурглумица1991Ноември5Натали ШаферДекември6Агнес Мурхед197417Катина Паксину1973
Починати
22 ноември - Артур Саливан, продуцент на мјузикли, дел од тимот Гилберт и Саливан (роден во 1842) 30 ноември - Оскар Вајлд, драматург чии дела инспирирале филмови (роден во 1854) 31 декември - Ханибал Гудвин, пензиониран министер, во 1886 ја создал филмската лента од нитрат (роден во 1822)
Дебија
Сара Бернар Бенуа-Констан Коклен
Надворешни врски
Категорија:1900 во филмот Категорија:1890-тите во филмот Категорија:Години во кинематографијата