Летниот јоргован (науч. Buddleja davidii, застарено Buddleia davidii) — грмушка од семејството Будлеи. Растението потекнува од северозападна Кина и Јапонија. Нашироко се користи како украсно растение, а се одгледуваат и многубројни сорти. И покрај името, ова растение не е јоргован.
Во многу земји, како на пример Англија, ова е инвазивно растение, а пак во сојузните држави Орегон и Вашингтон во САД, летниот јоргован се смета за штетен коров .
Овој вид е одомаќинет во највеќето градови во средна и јужна Европа, каде може да се прошири по пустелии и градини. Летниот јоргован претставува важен дел од исхраната на многу видови на пеперутки.
Растението не е прилагодено на остри континентални зими, и угинува на температури под -15 °C до -20 °C.
Надворешни врски
Floridata: Buddleja davidii USDA профили на растенија: Buddleja davidii 2005. Правилник за штетен коров и негова класификација. Министерство за земјоделство на Орегон
Категорија:Струпници Категорија:Сушоотпорни растенија