Јагуар () — голема мачка од родот пантери. Ова е единственото животно од родот пантери кое живее во Америка. Јагуарот е трета најголема мачка, зад тигарот и лавот, и најголема и најмоќна мачка во западната полутопка. Денешната распространетост на јагуарот се протега од Мексико преку поголемиот дел на Средна Америка, до Парагвај и северна Аргентина. Освен една позната популација во Аризона (југозападно од Тускон), оваа голема мачка изумрела во САД за време на раните 1900-ти. Сепак постои голема можност ненабљудувани популации на јагуар да живеат во јужна Аризона, Ново Мексико па дури и Тексас.

Јагуарот може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

Оваа дамчеста мачка физички доста е слична со леопардот, иако најчесто е поголема. По однесувањето и живеалиштето многу е поблиска до тигарот. Омилено живеалиште на јагуарот се густите дождовни шуми, но го среќаваме и во многу други шумски и отворени животни средини. Секогаш живее во близина на вода, и како тигарот, е една од ретките мачки кои уживаат во пливањето. Јагуарот е самотно животно, грабливец кој напаѓа од заседа и опортунист во поглед на избирање на пленот. Овие животни се и познати врховни грабливци кои играат голема улога во стабилизирање на екосистемите и регулирање на бројноста на популациите на нивниот плен. Јагуарот има развиено исклучително моќен загриз, дури и во споредба со останатите мачки. Ова му овозможува да го крши оклопот на некои рептили и да употребува специфичен метод на убивање – тој директно го загризува черепот на пленот со што нанесува фатален удар на мозокот.

Јагуарот е речиси загрозен вид чија бројност полека опаѓа. Главна закана претставува уништувањето на природното живеалиште, како и раздвојување на популациите. Иако меѓународната трговија со јагуари или нивни делови е забранета, оваа голема мачка сè уште е убивана од луѓето, најчесто од страна на ранчери и фармери од Јужна Америка. Територијата на распространетост иако е намалена сепак останува доста голема. Јагуарот е значаен дел од митологијата на бројни староседелски американски култури, вклучувајќи ги и оние на Маите и Ацтеките.

Потекло на поимот

Зборот јагуар најверојатно доаѓа од туписко-гваранските јазици, преку португалскиот jaguar . Тупијскиот збор јагуара („ѕвер“, понекогаш преведуван и како „куче“ ) се употребува за било кое месојадно животно . Карактеристичниот збор за јагуар бил јагуарете, со наставката –ете кој значи „вистински“ .

Неговото таксономско име Panthera onca доаѓа од латинското Panthera кое пак потекнува од грчкиот збор за леопард πάνθηρ. Можно е да има и потекло од санскрит, од pundarikam што значи „тигар“.

Onca е од потугалскиот и шпанскиот збор onça, што значи унца.

Во многу земји во Средна и Јужна Америка, јагуарот е нарекуван el tigre („тигар“).

Таксономија thumb|right|Јагуар во стоечка положба Јагуарот е единствениот преживеан член на родот Panthera кој го среќаваме во Новиот Свет. ДНК анализи покажуваат дека лавот, тигарот, леопардот, јагуарот, снежниот леопард и облачниот леопард имаат заеднички предок кој живеел пред 6-10 милиони години . Фосилните остатоци укажуваат на одвојување на Panthera пред само 2-3,8 милиони години . Филогенетските истражувања покажале дека облачниот леопард е базичниот вид на ова потсемејство . Позициите на останатите видови се разликуваат според различни истражувања, па нивната позиција сè уште не е целосно разјаснета. Многу истражувања го сместуваат снежниот леопард во родот Пантери , меѓутоа сè уште нема консензус дали неговото научно име треба да остане Uncia uncia Felid Taxon Advisory Group: Alan H. Shoemaker (1996) Taxonomic and Legal Status of the Felidae или треба да биде префрлен како Panthera uncia .

Базирајќи се на морфолошки докази, британскиот зоолог Реџиналд Покок (Reginald Pocock) заклучил дека јагуарот е најблизок со леопардот . Сепак, ДНК доказите од истражувањата се неубедливи па неговата позиција меѓу останатите видови доста варира . Фосили од изумрени видови од родот пантери како европскиот јагуар (Panthera gombaszoegensis) и американскиот лав (Panthera atrox) имаат одлики кои се заеднички за лавот и за јагуарот . Анализи на јагуаровата митохондриална ДНК почетокот на лозата на овој вид го поставиле пред помеѓу 280 000 и 510 000 години, што е подоцно отколку што укажуваат фосилните остатоци .

Подвидови Последното таксономско претставување на подвидовите на јагуарот било направено од Покок во 1939 година. Базирајќи се на географското потекло и морфологијата на черепот, тој предложил 8 подвида. Сепак, тој немал доволен број на примероци за да може критички да ги проценува сите подвидови, па и самиот изјавил дека се сомнева во статусот на некои од нив. Подоцнежни анализи укажале на постоење на само три подвида.

Скорешните истражувања исто така не успеале да соберат доволно докази за добро дефинирани подвидови. Ларсон во 1997 година ги проучувал морфолошките варијации кај јагуарот и покажал дека има клинална север-југ варијација, но дека предложените подвидови се повеќе отколку што има разлики меѓунив. Генетските истражувања предводени од Еизирик во 2001 година потврдиле дека нема прецизна структура за географски подвидови, иако пронашле некои поголеми георгафски бариери како реката Амазон која ја ограничила размената на гени помеѓу различни популации.

Подвидовите предложени од Покок сè уште се набројувани при описот на јагуарот"Guidelines for Captive Management of Jaguars , Taxonomy, pp. 5–7, Jaguar Species Survival Plan. Групирани се во три подвида.

thumb|right Panthera onca onca: Венецуела P. onca peruviana (перуански јагуар): Перу Panthera onca hernandesii (мексикански јагуар): Западно Мексико P. onca centralis (средноамерикански јагуар): Ел Салвадор до Колумбија P. onca arizonensis (аризонски јагуар): јужна Аризона до Сонора, Мексико P. onca veraecrucis: централен Тексас до југоисточно Мексико P. onca goldmani (Голдманов јагуар): полуостровот Јукатан до Белиз и Гватемала Panthera onca palustris (најголемиот подвид кој тежи над 135 килограми) : областа Пантанал, Бразил, во должина на реката Парагвај во Парагвај и најверојатно североисточна Аргентина.

Особености thumb|left|глава на јагуар Јагуарот има набиено и мускулесто тело. Постои голема вариабилност во големината помеѓу единките, меѓутоа како просечна нормална тежина се смета 56-96 килограми. Регистрирани се и големи мажјаци со тежина од 159 килограми (тежина која е слична на онаа на тигрица или лавица), но и мали единки со најмала тежина од 36 килограми. Женките се 10-20 % помали од мажјаците. Должината на овие мачки е од 1,62 до 1,83 метри, на кои опашката додава уште 75 сантиметри. До рамениците има висина помеѓу 67-76 сантиметри.

Варијации во големината се забележани и во однос на регионите и живеалиштата, односно големината на јагуарите се зголемува одејќи од север кон југ. Истражување на јагуарите од Мексиканскиот пацифистички брег, покажале просечна големина од 30 до 50 килограми, големина слична на пумата. Спротивно на ова, истражувањето на јагуарите од бразилскиот регион Пантанал, укажале на просечна тежина од 100 килограми. Поголемите тежини се почести кај старите мажјаци. Шумските јагуари најчесто се со потемни бои на крзното и помали во однос на јагуарите кои живеат во поотворени региони. Ова најверојатно се должи на помалиот број на големи хербивори кои би биле плен во шумските региониNowell, K. and Jackson, P. (compilers and editors) 1996. Wild Cats. Status Survey and Conservation Action Plan (PDF). IUCN/SSC Cat Specialist Group. IUCN, Gland, Switzerland. (видете Panthera Onca, стр 118–122).

Кратките и моќни нозе се адаптирани за качување по дрва, лазење и пливање. Главата е доста голема и има многу моќна вилица. Се смета дека јагуарот има најсилен загриз од сите останати видови мачки, и втор најсилен меѓу цицачите. Оваа адаптација му овоможува да го прегризе оклопот на желките . Компаративно истражување на силата на загризот го ставила ова животно на врвот меѓу мачките, заедно со облачниот леопард и пред лавот и тигарот. Било регистрирано и дека „јагуар може да влече бик од 360 килограми на растојание од 8 метри и да ги здроби дури и најјаките коски“. Јагуарот во шумските предели лови животни кои се тешки и до 300 килограми.

thumb|right Базичната боја на крзното на јагуарот е жолто-кафена, но може да варира и до црвеникаво-кафена или црна. Крзното му е прошарано со белези во форма на роза (розети), кои имаат главна улога во камуфлажата во густите џунгли. Овие дамки се различни меѓу единките: розетите може да содржат и една или две точки, но и формата на точките може да варира. Дамките на главата и вратот најчесто се полни, како и тие на опашката кои понекогаш се спојуваат и формираат пруга. Стомакот, грлото и внатрешниот дел на нозете се со бела боја.

thumb|right|меланистичен јагуар Кај овој вид присутна е и појавата на меланизам. Оваа форма е доста поретка од стандардната точкеста форма (се среќава кај шест проценти од популацијата). Оваа состојба кај јагуарите во Јужна Америка е предизвикана од доминантна алела . Меланистичните јагуари изгледаат целосно црни, но при набљудување од блиску се забележуваат нивните дамки. Овие јагуари генерално се познати под името црни пантери, но не спаѓаат во посебен вид. Помеѓу јагуарите, како и кај останатите мачки, се среќаваат и ретки албино единки кои ги нарекуваат и бели пантери .

Иако јагуарот физички е доста сличен со леопардот, овие две животни можат лесно да се разликуваат по нивните дамки: дамките на јагуарот се поголеми, помалку на број, најчесто потемни и имаат тенки линии или мали точки во средината, одлики кои ги нема кај леопардот. Јагуарите се разликуваат и по позаоблената глава и пократките и понабиени нозе.

Размножување thumb|left|Mајка го крева младенчето Женките јагуари достигнуваат полова зрелост на две годишна возраст, додека мажјацита на 3-4 години. Се верува дека овие мачки во дивината се парат преку цела година, иако најмногу раѓања има за време на периодите кога има плен во изобилство"Guidelines", Reproduction, стр. 28–38. Истражувања направени врз мажјаци во заробеништво ја поддржуваат оваа теорија, не се забележани варијации на семената течност и на ејакулативниот квалитет. Кај единките во заробеништво има многу слаб успех во размножувањето.

Паровите се разделуваат после актот на парење, и само женките се грижат за младите. Носењето трае 93-105 дена, а леглото може да брои и до четири малечки, иако најчесто има само две. После раѓањето на младенчињата, мајката не толерира присуство на мажјаци поради ризикот од канибализам. Ова однесување се среќава и кај тигарот"Guidelines", Natural History & Behavior, стр. 8–16.

Младите јагуари се раѓаат слепи, и прогледуваат по две недели. Младите цицаат само три месеци, но остануваат во дувлото околу шест месеци. Потоа тие излегуваат да ја придружуваат мајката за време на ловот. Остануваат со мајката 1-2 години а потоа си наеѓаат своја територија. Младите мажјаци на почетокот водат номадски живот сè додека не се изборат за сопствена територија. Просечниот животен век во дивината е 12-15 години, додека во заробеништво живеат и до 23 години, поради што се сметаат за едни од најдолговечните мачки .

Социјална активност thumb|left Како и повеќето мачки, и јагуарот е самотно животно. Возрасните единки се среќаваат само за време на парењето (иако ретко сепак забележани се и други форми на социјално однесување). Териториите на женките се со големина од 25 до 40 квадратни километри и често се препокриваат. Сепак единките се избегнуваат едни со други. Териториите на мажјаците се речиси двојно поголеми и никогаш не се препокриваат. Означени се со траги од гребење, урина и фекалии Overlapping male ranges are observed in this study in Belize. Note the overall size of ranges is about half of normal..