Ежен Гајар (француски: Eugène Gaillard) е француски архитект и дизајнер на мебел.
Ежен Гајар е важен декоративен уметник и претставник на уметничкиот правец ар нуво, кој со текот на времето природно се прилагодил на сродниот правец арт деко.
Заедно со Жорж де Фер и Едуар Колона го реализира ар нуво павилјонот на Самуел Бинг кој ќе биде претставен на Светската изложба во 1900.
Во 1906 година издал книга За мебелот (À propos du mobilier).
Категорија:Дизајнери Категорија:Родени во 1862 година Категорија:Починати во 1933 година