Лагадина (, Лангадас) — град во Солунско, Егејска Македонија, денес административен центар на општината Лагадина на Солунскиот Округ на Централна Македонија, Грција. Населението брои 8.447 жители (2021).

Географија и местоположба Градот се наоѓа во средиштето на Лагадинско Поле на север од Лагадинското Езеро и 20 км североисточно од Солун. Лежи на надморска височина од 110 м.

Историја Се смета дека името потекнува од старословенскиот поим „лѫгъ“ (лонг), со значење влажно шумовито место.

Османлиско време мини|десно|исправено|160п|Биста од III век од околината на Лагадина, денес во Археолошкиот музеј во Солун. Во март 1430 г. султанот Мурат II се сместил во Лагади оттукатука го раководел последниот јуриш, заземајќи го градот по долгата осумгодишната опсада.

Лагадина била чисто македонска населба, но состојбата почнала бргу да се менува кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Лагадина имало 150 домаќинства со 614 жители, од кои 493 Македонци и 121 жител муслимани [Турци].„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.153.

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Лагадна живееле 1.500 Македонци христијани, 525 Турци, 15 Евреи и 250 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 170. Понатаму К’нчов објаснува дека македонското население на Лагадина и Лагиново било изложено на погрчување и во нив машкото население било двојазично. Во многу семејства грчкиот јазик се натурил преку бракови со грчки жени од селата околу Бешичкото Езеро.Кънчовъ, Василъ. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 75.

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лагадина живееле 800 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија и 500 Грци. Тодор Симовски смета дека бројот на Грци е крајно претеран, наведувајќи го Боривое Милоевиќ, кој во својот патопис 1917-18 г. го опишал како место со 350 куќи, од кои 300 им припаѓале на погрчени словени, што значи дека Лагадина била речиси целосно македонски град во етнички поглед. Дека Грчката пропаганда била исклучително силна сведочи фактот што во паланката работеле две грчки училишта.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 196-197. Сепак, Според Анастасија Каракасиду, кон крајот на османлиското владеење Лагадина било претежно „словенојазично“ место.Каракасиду, Анастасия. Житни поля, кървави хълмове. Преходи към националното в Гръцка Македония (1870 - 1970), Ciela, София, 2008, стр. 69.

И покрај поволната местоположба, Лагадина не можела да се развие во поголем град поради близината до Солун. За време на Првата балканска војна градот бил окупиран од Бугарите и на чело на Лагадинската околија е поставен бугароманскиот проврховистички деец Михаил Думбалаков од СухоГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.125. Подоцна Лагадина е заземена од грчката војска, која ги истерала Бугарите.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.185

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Лагадина е припоена кон грчката држава. Истата година паланката имала 2.500 жители. Во 1920 г. населението се накачило на 3.327 жители поради сместување на доселенички семејства. Во 1924 г. малубројните преостанати Турци се иселиле во Турција според Лозанскиот договор, а на нивно место грчките власти довеле уште 2.040 Грци доселеници. Во 1928 г. Лагадина е заведена како паланка со 5.152 жители, од кои 2.193 (568 семејства) биле доселеници.

За време на Втората светска војна, германскиот окупатор ги ликвидирал сите 200 Евреи од Лагадина, кои се занимавале претежно со трговија.

Население Наглото зголемување на жителите во 1951 г. се должи на насобраните евакуирани жители од загрозените села во Граѓанската војна, кои потоа се вратиле во родните места.

Знаменитости Црква „Св. Петка“ од 1934 г. Лагадински амам од првата половина на XVI век

Самоуправа и политика Градот припаѓа на општинската единица Лагадина со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Лагадина, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лагадина, каде тој е единствено населено место.

Стопанство Населението на Лагадина се занимава претежно со земјоделство и малопродажба. По војната тука е изградена и конзервна фабрика. Главни производи се пченицата, тутунот, памукот, овошјето и градинарските култури.

Збратимени градови Сандански (Свети Врач), Пиринска Македонија, Бугарија

Поврзано Лагадинско Езеро Општина Лагадина Лагадински дијалект Лагадински Бањи

Наводи

Надворешни врски Дијалектни текстови од с. Ајватово и с. Балевец, Лагадинско — Институт за ареална лингвистика при МАНУ

Категорија:Градови во Егејска Македонија