Хидроелектрична централа „Врбен“, скратено ХЕЦ „Врбен“ или ХЕ „Врбен“ — хидроелектрична централа сместена во близина на селото Врбен и дел од ХС „Маврово“ заедно со ХЕЦ „Вруток“ и ХЕЦ „Равен“.Ј.П. Електростопанство на Македонија, 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995;esmak.com.mk , Ј.П. Електростопанство на Македонија, Скопје, пребарано на 28 август 2010. ХЕЦ „Врбен“ е најоддалечена од трите хидроелектрани на системот. Заедно со ХЕЦ „Равен“, таа претставува проточна хидроелектрана.
Историја Централата започнала со работа во 1957 година.
Технички одлики ХЕЦ „Врбен“ има два струјотвори и вкупна установена моќност од 12,8 мегавати. Установениот проток на хидроелектричните постројки изнесува 4,6 м3/сек., додека бруто-висинскиот пад на нивото на водата изнесува 193 м.
Галерија
Поврзано ХС „Маврово“ ХЕЦ „Вруток“ ХЕЦ „Равен“
Наводи
Врбен Категорија:Врбен