Институтот за хемија ― институт по хемија и еден од составните единици на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Историја
Катедрата по хемија започнала со работа во 1946 г., заедно со другите студиски групи на Филозофскиот факултет - прва на кој наставата почна да се изведува на македонски јазик. При првиот упис на студии по хемија се запишувале 56 студенти. Почетокот на работата на новоформираната студиска група, меѓутоа, одела со големи потешкотии.
Како Хемиски институт
Со издвојувањето,во 1958 година на Природно-математичкиот оддел од составот на Филозофскиот факултет и со создавањето на Природно-математичкиот факултет, Катедрата по хемија прераснала во Хемиски институт. Во Институтот тогаш биле створени три заводи: за неорганска и аналитичка, за органска и за физичка хемија.
Хемиски факултет
Во периодот од 1976 до 1985 година, со реформите кои во тој период се случувале Хемискиот институт прераснал во Хемиски факултет.
Институт за хемија
Во периодот од 1985 до денес, Институтот за хемија претставува дел од Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Во периодот од конституирањето на Институтот за хемија, должноста шеф на Институтот ја вршеле:
Иван Петров (1985-1987), Глигор Јовановски (1987-1989), Благоја Топузовски 91989-1991), Богдан Богданов (1991-1995), Трајче Стафилов (1995-1999), Киро Стојаноски (1999-2001), Орхидеја Групче (2001-2005), Емил Поповски (2005-2007), Слоботка Алексовска (2007-2009), Љупчо Пејов (2009-2013), Марина Стефова (2013-2020), Слоботка Алексовска (2020), Владимир Ивановски (2020-2021), Наташа Ристовска (2021-)
Внатрешна организација на Институтот
Институтот за хемија се состои од четири заводи: Завод за неорганска хемија, Завод за аналитичка хемија, Завод за физичка хемија, како и Завод за органкса хемија и биохемија.
Подолу е дадена список на вработените наставници и соработници на Институтот поделени по заводи:
Завод за неорганска хемија Завод за аналитичка хемија Завод за физичка хемија Завод за органска хемија и биохемија д-р Слоботка Алексовска д-р Катарина Чундева д-р Иван Грозданов д-р Благоја Јордановски д-р Валентин Мирчески д-р Методија Најдоски д-р Билјана Пејова д-р Мирјана Ристова д-р Горан Стојковиќ д-р Зоран Здравковски м-р Сандра Димитровска д-р Илинка Донова д-р Марија Георгиева д-р Орхидеја Групче д-р Игор Кузмановски д-р Мира Тркповска д-р Вера Трајковска д-р Симка Петровска Јовановиќ д-р Марина Стефова д-р Лилјана Андреева д-р Владимир Ивановски д-р Глигор Јовановски д-р Билјана Минчева Шукарова д-р Љупчо Пејов д-р Владимир Петрушевски д-р Трајче Стафилов д-р Виктор Срефов д-р Петре Макревски д-р Наташа Гочева д-р Богдан Богданов д-р Јане Богданов д-р Иванчо Јанев д-р Емил Поповски д-р Киро Стојановски м-р Филип Спировски
Научноистражувачка дејност на Институтот за хемија Институтот за хемија е една од најплодните научни установи во Република Македонија. Според податоците од Министерството за образование и наука, бројот на објавените трудови од наставно-научните работници на Институтот во списанија со фактор на влијание изнесува околу една третина од вкупниот број трудови објавени во вакви списанија од страна на сите истражувачи од Република Македонија.Г. Јовановски (уредник), Природно-математички факултет, (1946-2006), Природно-математички факултет, Скопје, 2006, 221
Треба да се напомене дека во периодот на изминативе 60 години вработените на Институтот за хемија објавиле вкупно 1464 научни труда. Од нив, 929 труда (65 %) се отпечатени во списанија издавани надвор од Македонија. Од овие, пак, 823 се печатени во научни списанија, а 106 во зборници на трудови од меѓународни научни собири. Преостанатите 535 библиографски единици (35 %) ги сочинуваат 435 труда објавени во научни списанија во Македонија и 100 труда во зборници на трудови од научни манифестации одржани во Македонија. Посебно заслужува да се одбележи фактот дека, според Science Citation Index, 617 труда (42 %) се објавени во списанија со фактор на влијание.
Разно мини|220п|Предавањето на Шехтман во Скопје. На 23 мај 2023 година, Институтот и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија организирале предавање на кое зборувал нобеловецот за хемија од 2011 година, Дан Шехтман. Тој го посетил Институтот за хемија, и направил го предавањето насловено „Демографија, технолошко претприемништво и иднината на Македонија“ во тамошниот амфитеатар.
Наводи
Надворешни врски
Хемија Хемија Категорија:Хемиски организации